Покрај алтернативната медицина, денес хибискусот се користи и во козметичката индустрија, како и во готвењето. Од ливчињата се подготвува кисел црвен чај, кој е големо складиште на витамини и корисни микроелементи. Интересно е што историјата на хибискусот датира од пред неколку илјадници години на истокот. Во далечното минато се сметал за лек за поголемиот дел од болестите и го нарекувале „фараонски пијалак“. Медицинските својства на оваа билка се многу ценети и се користат за лекување разни болести. Еве кои здравствени придобивки ќе ги добиете доколку редовно пиете чај од хибискус.rnrn
rn
1. За здравје на срцето
rnЧајот од хибискус помага во јакнењето на ѕидовите на крвните садови и ја регулираат нивната пропустливост. Хибискусот, исто така, го намалува крвниот притисок.rn
2. За стомак
rnЛивчињата хибискус имаат позитивни дејства врз дигестивниот систем и црниот дроб. Чајот не им се препорачува на личностите со гастритис заради високото ниво на киселост.rn
3. За имунитет
rnВитамините и елементите кои се наоѓаат во хибискусот го подобруваат имунитетот, ја заголемуваат отпорноста на телото од настинки и ја намалуваат нервозата.rnrn
rn
4. За чистење
rnХибискусот има благо лаксативно дејство и покрај тоа што го подобрува варењето, истовремено ја нормализира и столицата.rn
5. За гаснење жед
rnХибискусот стана популарен во арапските земји заради своите способности брзо да ја изгасне жедта.rnrnЧајот од хибискус е вкусен пијалак, и топол и ладен. Овој чај се подготвува како и секој друг: 1 лажичка цветови се преливаат со 120 милилитри топла вода, а потоа се додава шеќер или мед по вкус.rnrnДоколку не сте големи љубители на чајот од хибискус, тогаш изберете некој друг вид. Ние ви предлагаме да ги откриете корисните придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега.