Доколку сакате да блескате во текот на целиот ден, можеби треба да се напиете светкаво капучино! Оваа идеја потекнува од синџирот кафулиња Coffee By Di Bella стациониран во Мумбај, Индија. Напивката што се вика „Златно и дијамантско капучино“ чини по 3 долари од шолја, но затоа, пак, поседува неверојатен потенцијал за објавување уникатни фотографии на Инстаграм.rnrn
rnrnИмено, социјалните мрежи се главната причина зошто воопшто постои овој пијалак.rn
„Како бренд, ние постојано смислуваме нови работи и сакаме да им понудиме нешто ново и возбудливо на нашите потрошувачи. Го разбираме значењето на социјалните мрежи и сакаме нашите производи да бидат Инста-пријателски“, изјавил Рахул Лика, директорот на Coffee By Di Bella.
rn
rnrnКафето можеби ќе изгледа одлично на Инстаграм, но не и на вашето лице. Луѓето кои го пробале пијалакот потврдиле дека остава светки насекаде околу усните.rn
„Да, ќе ви ги извалка усните со сите тие светки. Но, вреди да се има кафе поросено со сребрен прав“, изјавил еден корисник на Инстаграм.
rn
rnrnАко сакате сами да си направите блескаво капучино, може да најдете светки што се јадат, само внимавајте да бидат проверени и здрави. Купете го вистинскиот вид светки и не заборавајте да ја објавите вашата напивка на Инстаграм.rnrnДоколку не сте расположени за експериментирање, сигурно ќе ви се допадне ова капучино кекси.