На вашето пладневно кафе му треба вкусно колаче…
Потребно е:rn
- rn011
- 220 г брашно
- 20 г какао
- 125 г ладен путер
- 65 г бел шеќер
- 60 г кафеав шеќер
- 1 лажиче екстракт од ванила
- 1 јајце
- прстофат сол
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnза ганаж:rn
- rn011
- 180 г бело чоколадо
- 60 г хопла
- 2 лажици капучино
rn011
rn011
rn
rnПодготовка: Во сад просејте ги брашното и какаото. Додадете ги белиот и кафеавиот шеќер и солта. Ладниот путер брзо исечкајте го на помали коцки и ставете го во брашното и шеќерот. Со прсти втријте го путерот во брашното, за да се соединат и да добиете трошки.rnrnВо оваа смеса додадете го јајцето и екстрактот од ванила. Брзо месете со раце и формирајте тесто. Тестото поделете го на два дела, секој дел завиткајте го во пластична фолија и ставете ги во фрижидер да се ладат најмалку 1 час.rnrnРерната загрејте ја на 160 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење. Двете теста, едно по едно, со сукало исукајте ги многу тенко (помеѓу две парчиња хартија за печење), со дебелина од околу 2 мм. Од едното исукано тесто направете тркалезни форми со калап (може и чаша), а од другото исукано тесто исто така формирајте тркалезни форми, но со мало дупче во средината (од чаша за ракија). Наредете ги во тавчињата за печење и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 10-12 минути. Кога ќе бидат печени, оставете ги добро да се оладат. Додека се ладат, подгответе го филот.rnrnВо длабок сад на ситната страна од рендето изрендајте го чоколадото. Во тенџерче ставете ги хоплата и капучиното и гответе до степен на вриење. Кога хоплата ќе биде врела, прелијте ја врз изренданата бела чоколада. Мешајте за да се растопи убаво. Вака подготвен филот (ганаж) ставете го во фрижидер да се олади, само колку да се стегне. Кога филот ќе биде компактен, а не течен, филувајте ги колачињата: на тркалезните колачиња ставете од ганажот и преклопете ги со колачињата со дупка. Од оваа смеса се добиваат 20 колачиња. 
Викнете ги пријателите и уживајте во неделно кафе со колаче 🙂
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
