Ајде да се храниме здраво: Најздравите овошја и зеленчуци кои се достапни во ноември
Најдобриот квалитет на овошјето и зеленчукот е само во текот на природната сезона. Тогаш не само што вкусот е најинтензивен, туку и содржината на хранливите материи е најголема. Токму заради тоа ви откриваме список на овошја и зеленчуци кои имаат најмногу хранливи материи во ноември.
ОВОШЈА
1. Јаболко
Сезоната на јаболката е во полн ек. Сега се најздрави и највкусни. Содржат многу малку заситени масти, холестерол и натриум. Тие се добар извор на витамин Ц и се одличен извор на диетални хранливи влакна. Јаболката треба да ја консумирате секојдневно, а можете да ја подготвувате на различни начини.
2. Авокадо
Авокадото е кремасто и вкусно. Содржи малку холестерол и натриум. Тоа е одличен извор на незаситени масни киселини кои се добри за здравјето на крвните садови. Тоа е добар извор на диетални влакна, витамин Ц, К и фолна киселина. Авокадото можете да го користите во подготовка на различни јадења.
3. Киви
Ова е вистинско мало чудесно овошје. Кивите содржат малку заситени масти, холестерол и натриум. Тие се добар извор на диетални влакна, витамин Е, калиум и бакар, како и одличен извор на витамин Ц и витамин К. Заради нивната висока хранлива вредност, би требало да ги консумирате умерено.
4. Портокал
Содржи малку заситени масти, холестерол и соли. Портокалот е добар извор на тијамин, фолна киселина и калиум, како и одличен извор на диетални хранливи влакна и витамин Ц. Портокалите се совршени за јакнење на имунитетот.
5. Круша
Сезоната на ова овошје е во полн ек и секој би требало да го искористи тоа. Веќе во декември нема да бидат толку достапни, здрави и вкусни. Содржат многу малку заситени масти, холестерол и соли. Тие се добар извор на витамин Ц, а одличен извор на диетални хранливи влакна.
6. Лимон
Лимонот е многу повеќе од овошје за подготовка на лимонада. Содржи малку заситени масти, холестерол и натриум. Тој е добар извор на фолна киселина и калиум, а одличен извор на витамин Ц. Лимонот може да се користи за подготовка на разни јадења.
7. Грејпфрут
Содржи малку заситени масти, холестерол и натриум. Тој е добар извор на диетални хранливи влакна, а одличен извор на витамин А и Ц. Вкусот на грејпфрутот на голем број луѓе не им одговара, заради што многумина го избегнуваат, но тоа не значи дека треба целосно да го исфрлите од вашата исхрана бидејќи е многу здрав за вас.
8. Калинка
Содржи малку натриум. Таа е добар извор на витамин А, К, калциум и магнезиум. Одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин Ц и манган. Калинката е вкусна сама по себе, без никакви додатоци.
9. Дуња
Дуњата ума убав мирис и вкус. Содржи малку заситени масти, холестерол и натриум. Таа е добар извор на диетални хранливи влакна и бакар, а одличен извор на витамин Ц.
Продолжува на следната страница…