rn
ЗЕЛЕНЧУЦИ
rn
1. Артичока
rnСодржи малку заситени масти и холестерол. Таа е добар извор на ниацин, магнезиум, фосфор и бакар, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин Ц, К, фолна киселина и манган.rn
2. Цвекло
rnЦвеклото содржи малку заситени масти и холестерол. Тоа е добар извор на витамин Ц, железо и магнезиум, а одличен извор на диетални хранливи влакна, фолна киселина, калиум и манган. Цвеклото е одлично за подготовка на напивки, а најдобар вкус има во комбинација со шумско овошје.rn
3. Брокула
rnБрокулата без сомнение припаѓа во најздравите намирници на светот. Содржи малку заситени масти и холестерол. Таа е добар извор на протеини, витамин Е, тијамин, рибофлавини, витамин А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган.
rn
4. Зелка
rnСодржи малку заситени масти и холестерол. Таа е добар извор на тијамин, калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин Ц, К, Б6, фолна киселина и манган.rn
5. Морков
rnСодржи малку заситени масти и холестерол. Тој е добар извор на тијамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина и манган, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин А, Ц, К и калиум.rn
6. Прокељ
rnСодржи малку заситени масти и холестерол. Тој е добар извор на тијамин, рибофлавини, железо, магнезиум, фосфор и бакар. Тој е одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган. Прокељот има малку необичен, горчлив вкус, но тоа не значи дека не можете да уживате во него.
rn
7. Копар
rnСодржи малку холестерол. Тој е добар извор на ниацин, калциум, железо, магнезиум, фосфор и бакар, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум и манган.rn
8. Карфиол
rnСодржи малку заситени масти и холестерол. Тој е добар извор на протеини, тијамин, рибофлавин, ниацин, магнезиум и фосфор, а одличен извор на диетални влакна, витамин Ц, К, Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, калиум и манган. Карфиолот има благ вкус, па одлично се согласува со скоро сите видови месо.
Погледнете кои намирници не дебелеат и можете да ги јадете во огромни количини.

