Дали нелегалните дроги можат да спасуваат животи?
Уште од мали нè учат дека дрогата и лекарствата се лоши за нас, освен ако не ни ги препише лекар. Сепак, многу видови дрога се покажале како добри лекови за разни нарушувања и имаат неверојатна примена во полето на медицината. Погледнете 7 од овие дроги кои веќе се користат на нов и неверојатен начин, а понекогаш дури спасуваат и животи.
1. Масло од канабис за хронични напади
Канабисот е присутен во медицината илјадници години, и тоа низ целиот свет. Но само неодамна луѓето повторно почнаа да ги согледуваат придобивките од ова растение. Канабисот има две главни состојки – третрахидроканабинол или THC, психоактивниот елемент на растението, и канабидиол кој делува одвоено од THC. Канабидиолот, или CBD, се покажал како одлична терапија за луѓето кои имаат напади. Сè уште не е познато зошто е делотворен, но постојано се прават истражувања за подобро да се разбере неговото дејство.
2. Канабисот во борба против ракот
Кога луѓето добиваат рак, стандардната терапија вклучува хемотерапија. Иако многу често е ефективна, хемотерапијата доаѓа со многу лоши несакани ефекти. Улогата на ТНС е да ги намали тие ефекти. Се покажало дека оваа состојка од канабисот помага при намалување на симптомите како повраќање и гадење кои се резултат на хемотерапијата. Мал број истражувања покажале дека ТНС е ефективно и за третирање хронична болка од оштетени нерви.
3. Екстази за посттрауматски стрес
Посттрауматскиот стрес е навистина тешко ментално заболување, а сè што се наоѓа на пазарот за негово третирање само ги намалува симптомите. Она што ги прави екстазите добри при борбата со ова психолошко нарушување е тоа што им овозможува на жртвите да ги разгледаат нивните трауми од надворешна перспектива. На овој начин тие се ослободуваат од нив. Некои истражувања покажале дека голем дел од испитаниците кои биле третирани со екстази повеќе не страдале од нарушувањето, и тоа дури и пред да заврши истражувањето. Најдобриот дел е што симптомите не се враќаат со години.
4. Кетамин за депресија
Овој лек се користи за депресија бидејќи навистина помага. Вистината е дека само 45% од луѓето со ова нарушување забележуваат подобрување на нивната состојба со обичните антидепресиви. Иако сè уште се истражува неговото дејство, кетаминот се покажал како многу поефективен од другите лекови кога станува збор за депресија.
5. Магични печурки за сериозна анксиозност
Научниците користат чист синтетизиран псилоцибин за да им помогнат на пациентите со екстремно нарушување на анксиозноста. Во едно истражување спроведено од страна на Универзитетот Џон Хопкинс, 80% од испитаниците покажале значително подобрување по терапијата со псилоцибин. Слично истражување од Универзитетот во Њујорк донело исти резултати. Третманот трае само неколку часа, а има значајно позитивно влијание на менталното здравје на пациентите.
6. ЛСД за зголемена продуктивност
Во последно време е познато „микро дозирање“ на ЛСД кое наводно ја зголемува продуктивноста. Се земале 10 микрограма ЛСД на секои 4 дена. Иако звучи забавно, за ова тврдење нема речиси никаков доказ. Не се направени никакви научни истражувања за ефикасноста на овој „третман“, но илјадници луѓе ширум целиот свет тврдат дека им го променил животот. Веројатно ова микро дозирање предизвикува острина на умот исто како после добар сон. Исто така, ова им помагало на луѓето да ја гледаат големата слика наместо постојано да се фокусираат на малите детали.
7. Хероин за зависност од опоиди
Ова е вистински третман на кој работат научниците. Во медицинското училиште во Хановер, Германија, д-р Торстен Паси користи мали дози хероин за да ги одвикне пациентите од опиоиди како што е викодинот. Неговите истражувања покажале дека после еден месец пациентите престанале да чувствуваат опојните дејства на хероинот. После цела година, 60% од испитаниците престанале да користат какви било дроги.
Проблемот кај овие дроги и лекови е што имаат и добра и лоша страна. Останува фактот дека многу од нив секогаш ќе имаат медицинска примена, а многу од нив може ќе ни помогнат да се движиме кон подобра иднина. Се разбира, сите овие третмани биле под лекарски надзор и не треба ни да помислите „на своја рака“ да земате какви било лекови или дрога.
Погледнете и некои од здравствените придобивки од марихуаната.