Ова се 12 финти за нега и убавина кои можеби не сте ги знаеле, а ќе ви бидат многу корисни затоа што ќе ви заштедат и време и пари.rn
1. Поправете ја згрутчената маскара
rnАко вашата маскара почнува да се згрутчува ставете ѝ капки за очи или физиолошки раствор.rn
2. Поправете ја скршената камена пудра
rnСтавете неколку капки алкохол и протријте ја пудрата. Потоа притиснете ја, измазнете ја и оставете ја да се суши преку ноќ.rn
3. Впијте го сјајот
rnАко не сакате да светкате, нанесете хидратантна крема и врз неа нанесете магнезиумово млеко.rn
4. Истакнете ги нозете
rnЗа да ги истакнете и визуелно да ги издолжите нозете нанесете им бледо розово руменило.rn
5. Матирајте го лакот за нокти
rnДодајте малку пченкарно брашно во лакот за да добиете мат нијанса.rn
6. Одржете ги веѓите уредни
rnНа четката од маскарата нанесете лак за коса за ги доведете веѓите во ред.rn
7. Брановидна коса
rnПоделете ја косата, замотајте ја и поминете ја со пегла за да добите брановидни локни.rn
8. Мраз за брзо сушење на ноктите
rnСтавете им на ноктите мраз за брзо да ви се исушат.rn
9. Со сода до чиста кожа
rnСè што ви е потребно е да ја протриете кожата со четка, лимон и сода.rn
10. Полни усни
rnЗаоблените делови од устата исцртајте ги со моливче, за да добиете ефект на полни усти.rn
11. Рамномерно нацртани веѓи
rnЗемете чиста четка од маскара и нанесете сенка на веѓите.rn
12. Истакнати очи
rnНанесете сјајна сенка по долната линија и во аголот на окото, за визуелно да ви ги истакне очите.

