Предизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!

Предизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!

Ја нарекуваат „опасна“ и страсна. Некои дури и се плашат од неа, па велат дека уништува сѐ што ќе допре. Но, реалноста е многу поинаква. Еднаш кога ќе ја запознаете, нема да можете да престанете да ѝ се восхитувате на жената родена во овој знак.

Предизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!

Станува збор за единствената Скорпија! Ова е месецот на Скорпиите, така што вреди да им се посвети посебно внимание. Во продолжение, дознајте кои се најсилните страни на жената Скорпија…

Лојалност

Ова е една од клучните особини на жените родени во знакот Скорпија. Без разлика дали се работи за нивните пријатели или за партнерот, тие многу добро знаат колку е важна лојалноста за опстанокот на врската. Слободно можете слепо да им верувате на Скорпиите. Тие не веруваат во лажни ветувања и лојални се до самиот крај!

Независност

На жените родени во овој знак не им треба човек кој постојано ќе се грижи за нив и ќе ги чува. Можеби ви делуваат мали и тивки како глувчиња, но тие се всушност силни и храбри како лавици. Токму поради тие карактеристики, Скорпиите можат да се грижат сами за себе. Тие ја обожуваат својата слобода и мразат кога некој им кажува што да прават. Припадничките на овој знак ги прават работите што сметаат дека се правилни и никогаш не ги слушаат другите.

Остроумна моќ за набљудување

Жените родени во овој знак се остроумни набљудувачи. Тие секогаш ги разгледуваат најситните детали кога станува збор за некој проблем или личност и никогаш ништо не може да им побегне. Скорпиите ги воочуваат работите кои другите луѓе не можат да ги видат. Благодарение на таквите способности, овие жени многу добро знаат да ги проценуваат работите и ситуациите.

Одлучност и непоколебливост

Жените родени во знакот Скорпија се одлучни, некршливи и непоколебливи. Тие многу добро знаат што сакаат и секогаш работат на остварувањето на нивните цели. Сѐ друго оставаат на страна, додека не го остварат она што го „зацртале“. Ништо не може да им застане на патот!

Предизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!

Неспоредлива страст

Вреди да се напише книга за страста на жената Скорпија. Кога припадничките на овој знак љубат, подготвени се да сторат сѐ за да ги направат саканите среќни и задоволни. Од друга страна, пак, кога не сакаат некого, можат да направат сѐ за да му го загорчат животот. Тие секогаш одат до екстремни граници. Без разлика дали станува збор за образование, кариера или хоби, Скорпиите дејствуваат со огромна страст и жар.

Амбициозност

Тие секогаш „коваат“ планови за да ги достигнат највисоките ѕвезди. Тоа не значи дека не стојат цврсто на земја, туку дека се многу амбициозни и дека веруваат во своите соништа. Скорпиите се сосема свесни дека ги поседуваат вештините што им се потребни за го добијат она што го сакаат.

Интуитивна моќ

Кој не би сакал да има моќна интуиција? Меѓутоа, ретки се луѓето што ја поседуваат оваа дарба. Скорпиите се природно благословени со оваа корисна особина. Нивните емоции се длабоки и имаат големо разбирање за другите луѓе. Тие се експерти кога станува збор за „предвидување“ идни настани. Како резултат на тоа, никогаш нема да можете да ги фатите жените Скорпии неподготвени.

Мудро донесување одлуки

Сите знаеме колку е важно да се донесуваат вистински одлуки во вистинско време. Меѓутоа, честопати заглавуваме во мрежата на проблемите што се јавуваат како последица од донесувањето избрзани или глупави одлуки. Тука Скорпиите се издвојуваат од останатите. Тие се познати по нивната моќ за мудро одлучување. Жените родени во овој знак внимателно ги набљудуваат и анализираат сите ситуации пред да го направат првиот чекор. Благодарение на тоа, повеќето нивни одлуки се вредни за пофалба.

Мистериозна и интересна природа

Нема да можете да ги прочитате жените Скорпии како отворени книги, без разлика колку се трудите. Дури и да ги познавате многу долго време, секогаш ќе дознавате по нешто ново за нивниот карактер. Скорпиите се многу мистериозни, што ги прави уште поинтересни и повозбудливи.

Прочитајте ги и следниве 17 причини зошто (не) ги сакаме Скорпиите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар