Речиси секој човек сака да патува, но малкумина го прават тоа. Најчестиот изговор се големите трошоци кои доаѓаат со патувањето, како и обврските на работното место. Во реалноста има многу едноставни начини на кои можете да го истражите светот, па дури и да живеете во странство некое време. Сè што ви е потребно е добар план. Во овој план се разбира спаѓа и штедењето пари, а овие 7 методи ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Намалете ги трошоците
rnАко планирате да бидете надвор од државата повеќе од 2 месеци, треба да го подготвите вашиот дом и да ги намалите трошоците кои доаѓаат со него. Исклучувајте ги електричните направи кога не ги користите, трошете помалку вода, исклучете го системот за греење/ладење кога нема потреба од него, исклучувајте ги светилките кога не ви се потребни и на време плаќајте ги сметките за да не создавате дополнителни трошоци. Не само што ќе заштедите пари, туку на овој начин ќе придонесете и за заштита на природата.rn
2. Елиминирајте ги нездравите навики
rnЗа да заштедите пари и да го подобрите вашето здравје пред патувањето, престанете да трошите на нездрави и скапи пијалаци и немојте да јадете по ресторани. Утринското кафе пијте го дома, на работа носете оброк кој сте го подготвиле вие… Ако сакате да заштедите пари за патување отстранете ги сите непотребни (и често нездрави) навики.rn
3. Откажете се од теретаната
rnМожеби веќе сте член на некоја теретана и редовно плаќате за тоа, а голема е веројатноста да не ја посетувате редовно. Наместо да плаќате таму, чувајте ги тие пари за патување. Ако сепак сакате да продолжите со физичка активност, можете да џогирате, да вежбате во парк или пак дома да вежбате јога. Се разбира, ако сте редовен посетител на теретаната можеби нема да ви се допаѓа овој совет, но за луѓето кои не се толку активни ова е одличен начин да заштедат.rn
4. Продајте ги работите кои не ви требаат
rnАко планирате да ја напуштите земјата на подолг период, можете да се ослободите од покуќнината и електрониката во домот која веќе не ви е потребна. Наместо да ја фрлате, продадете ја на соседи, пријатели и слично. На овој начин ќе го исчистите вашиот дом од непотребните работи, но и брзо ќе заработите пари за патувањето.rn
5. Пронајдете некоја хонорарна работа
rnАко не можете да најдете нешто дополнително во вашиот град, секогаш можете да побарате на Интернет каде што има безброј веб-сајтови за фриленс работење. Можеби ќе ви биде напорно, но нека ве мотивира патувањето кое ви претстои.rn
6. Закажете ги авионските карти однапред
rnНајскапиот дел од патувањето секогаш е авионскиот лет. Но, можете значително да го намалите овој трошок ако го купите билетот многу порано. Ако во моментот немате пари за тоа, можете да користите кредитна картичка (иако е најдобро да ја избегнете оваа опција) или пак да побарате мал заем од пријателите и семејството кој ќе го вратите пред да заминете. Разликата во цените е многу голема кога закажувате неколку месеци однапред.rn
7. Закажете ги авионските карти во последен момент
rnАко поради некоја причина претходниот совет не ви се допаѓа, можете да го закажете летот во последниот момент кога сè друго ви е подготвено за патувањето. Веб-сајтовите како SkyScanner ви нудат информации за слободни места и тоа по најниска цена. Единствено треба да бидете подготвени да тргнете 1-2 денови по купувањето на билетот. Но, ако сте подготвени за истражување, што може да ве сопре?rnrnПогледнете ги и овие совети за поевтино патување низ светот.