Не фрлајте ги обвивките од путер, тие се корисни за многу работи во вашиот дом

Не фрлајте ги обвивките од путер, тие се корисни за многу работи во вашиот дом

Поголемиот дел од нас ќе ја фрлат мрсната обвивка од путерот дури и додека на неа сѐ уште има траги од самиот путер. Тоа што можеби не сте го размислиле досега е дека со нивното фрлање, реално фрлате и пари.

1-ne-frlajte-gi-obvivkite-od-puter-tie-se-korisni-za-mnogu-raboti-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Затоа, наместо да ги фрлате, сочувајте ги овие обвивки во пластично ќесе и ставете ги во фрижидер. Тие може да ви користат за мали работи во кујната, како што се подмачкување на тави и плехови. Може да ви послужат за пржење на лесни јадења како што се палачинки. Од друга страна пак, со овие обвивки можете да ја одвојувате замрзнатата храна која сакате да ја вадите парче по парче, на пример, батаците, хамбургерите или зеленчукот. Така, не мора да ја одмрзнувате целата количина или да се мачите со раздвојување, само ставете ги помеѓу парчињата.

Малите заштеди може многу да ви значат во секојдневниот буџет.

3-ne-frlajte-gi-obvivkite-od-puter-tie-se-korisni-za-mnogu-raboti-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Уште неколку трикови со мрсната хартија од путерот:

1. Намачкајте го ножот од хартијата со путер пред сечење на тортата. Полесно и поубаво ќе ја исечете, особено ако е во прашање торта од сладолед.

2. Користете ги за подмачкување на плеховите и тавите.

3. Хартиите преклопете ги на половина така што ќе се спојат масните страни. Ставете ги во фрижидерот.

4. Користете ги за раздвојување на хамбургери, плескавици или печени палачинки кои сакате да ги замрзнете.

2-ne-frlajte-gi-obvivkite-od-puter-tie-se-korisni-za-mnogu-raboti-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

5. Доколку сакате да печете компири со лушпа, можете да ги ставите во секоја од овие хартии за да добиете побогат вкус.

6. Можете со нив да ги обложите калапите за мафини.

7. Може да послужат и како обвивка за домашните карамели.

8. Откако ќе испечете леб или печива прекријте ги со обвивки од путер за да ја впијат маснотијата која останала на нив.

Додека сме кај путерот, ви предлагаме да ја подготвите оваа напивка која може да го замени оброкот и да ги стопи килограмите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар