6 навики кои со сигурност ќе ви го подобрат расположението

Сподели

Секој ден се будите рано, ги подготвувате децата за на училиште, одите на работа, се враќате дома, јадете, си легнувате во кревет и потоа пак од почеток. Дали понекогаш ви се чини дека монотонијата преовладува со вашето секојдневие? Верувајте дека многу лесно можете да излезете од рутина ако ќе ги стекнете вистинските навики. Прочитајте кои се 6-те позитивни навики кои со сигурност ќе ви го подобрат расположението…

Реклама

rn

1. Вазната постојано нека ви биде полна со цвеќиња

rnСтанува збор за ситница, но свежите цвеќиња секогаш успеваат да го освежат домот, како и вашето расположение. Освен тоа, нема да ве чини многу. Без разлика дали станува збор за неколку мали цвеќиња или голем букет од каранфили, веднаш ќе ја почувствувате разликата во атмосферата.rn

2. Пазарете еднаш неделно

rnПразниот стомак е најголемиот поттикнувач на лошото расположение. Но, ако кујната ви е полна со вкусни јадења, многу лесно ќе успеете да им одолеете на нездравите ужини кои прават да се чувствувате лошо. Одберете ден од неделата за пазарење и вметнете го во вашиот распоред.rn

3. Одвојте еден час од денот само за вас

rnКога немате време за себе, лесно може да почувствувате фрустрација поради тоа што постојано ги исполнувате туѓите потреби. Иако можеби ќе ви биде тешко, многу е важно да одвоите време за себе и за своите мисли. Обидете се да станувате порано за да можете на раат да го испиете кафето и да го прочитате весникот. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате многу поприбрани.

rn

4. Поставувајте си мали, дневни цели и исполнувајте ги

rnНема подобро чувство од тоа кога ќе прецртате нешто од вашата листа на обврски. Правете си едноставни дневни листи на секојдневни задачи, како што е плаќањето сметки на пример, и гледајте да завршите што е можно повеќе од нив. Малите победи ќе ви донесат големо задоволство.rn

5. Исклучете ги сите електронски уреди

rnМожеби не можете да си го замислите животот без електронските уреди, но порано луѓето немале мобилни телефони, компјутери и телевизори и ништо не им недостасувало. Изолирајте се од тој невидлив свет што ви одзема голем дел од времето и одвојте 1-2 часа дневно за да се фокусирате на она што е навистина важно. Време е да ја прочитате онаа прекрасна книга што веќе 3 месеца планирате да ја почнете.rn

6. Почестете ги луѓето кои ви значат

rnБез разлика дали станува збор за вашата колешка од работа, родител што сте го запознале во паркот или добрата сосетка, покажете ја вашата благодарност на луѓето кои ви значат со мал гест, како што е честење кафе или колачи. На тој начин, вие ќе ширите љубов во вашето опкружување. Ќе успеете да го разубавите денот некому, но и вие ќе се расположите. Не заборавајте дека насмевката може да ви отвори многу врати.

Доколку сакате постојано да бидете во добро расположение, прочитајте ги 12-те навики на луѓето кои сами си ја создаваат својата среќа.

Популарно

Може ќе ве интересира