Основата на секоја добра врска е пријателството помеѓу партнерите. Кога почнувате да се гледате со некого, таа личност станува вашиот најдобар пријател. Тоа е првата личност на којашто можете да ѝ се доверите, личноста со која поминувате најмногу време, личноста која е вашата поддршка и личноста на која ѝ верувате најмногу. Овие работи немаат никаква врска со сексот или со физичките аспекти на самата врска.rnrn
rnrnНе можете да изградите живот со некој само затоа што е привлечен или добар во кревет. Тие работи се само како бонус. Потребно е да постои физичката привлечност, но луѓето не остануваат заедно поради таа причина. Тие остануваат заедно поради нивните карактери, поради тоа што се надополнуваат. Луѓето остануваат заедно бидејќи се подобри личности кога се заедно отколку кога се сами.rn
Пронајдете некој што ќе ве направи подобра личност
rnОва не значи некој што само ќе ве направи посреќни. Оваа личност треба да има такво влијание на вас што вие ќе сакате да станете најдобрата верзија од себе. Оваа личност треба да ги поддржува вашите идеи, цели и амбиции кога сите други ќе се откажат од вас. Тоа треба да биде некој што верува во вас и во вашите способности.rn
Пронајдете некој што ќе ви биде партнер во сè
rnОваа личност треба да ги претвора вашите идеи во реалност бидејќи кога сте заедно ништо не може да ве сопре. Пронајдете некој што ќе сака да учи од вас, некој што го цени вашето мислење. Некој што ќе ве слуша дури и кога шепотите.rn
Пронајдете некој што ќе ја разбира вашата тишина
rnПронајдете некој што ќе ги разбира вашите зборови. Некој што знае кога нешто не е во ред. Личност со која ќе можете постојано да бидете заедно и сепак ќе ви недостасува во моментот кога ќе се разделите.rn
Пронајдете некој што ќе ви простува
rnКога ќе згрешите нешто и кога вашиот партнер е гневен, не само што сте лути на себе, туку криво ви е што сте го разочарале или повредиле партнерот. И кога мислите дека тој ќе си замине, тој ви кажува дека сè е во ред. Тој сепак ве сака. Тој ќе ви помогне да учите од своите грешки.rn
Пронајдете некој што не се откажува од вас
rnДури и кога вие ќе се откажете од себе, дури и кога ќе ги тргнете сите други настрана. Дури и кога не сте горди на себе, пронајдете ја личноста која ќе остане со вас.rn
Пронајдете некој што ќе ве натера повторно да верувате во другите
rnМожеби сте осаменик, можеби ви било страв да се отворате пред другите. Но кога ќе најдете некој што ќе го запознае секој дел од вас, чувајте го. Оние кои разбираат колку е страшно да бидете ранливи, но сепак ќе ви помогнат, се личности на кои треба да им верувате.rn
Пронајдете некој што кажува што мисли
rnОваа личност не треба да се плаши да ви каже што навистина мисли. Ќе ви каже каде сте згрешиле, но сепак ќе ве сака. Оваа личност треба да ве мотивира да станете најдобрата верзија од себе. Пронајдете некој што сè уште работи на себе, и помогнете му да се подобри. Помогнете му да го разбере својот вистински потенцијал. Помогнете му да ги постигне нештата кои му изгледале недостижни. И кога конечно ќе стигне таму, вие ќе бидете првите кои ќе го забележите тоа.rn
Пронајдете некој што сака да прави големи нешта со вас
rnВашиот живот, вашата љубов, вашата кариера, вашата иднина. Некој што сака да инвестира во сите аспекти од вашата личност. Успехот не се постигнува бидејќи само вие верувате во себе. Потребно е и некој друг да верува во вас, да ве мотивира, да ве инспирира да постигнете повеќе. Кога ќе постигнете нешто што сте го сакале, ќе биде многу убаво да можете да ја прегрнете личноста која била со вас од самиот почеток. Личноста која и покрај сите неуспеси ве терала повторно да се обидете.rn
Пронајдете некој што ќе ве предизвика емоционално, ментално и физички
rnОваа личност ќе ве запознае на начин кој е сосема нов за вас. Таа ќе ве натера да ги гледате работите од друга перспектива. Ќе ве натера да прочитате нешта кои не сте ги читале. Ќе ве натера да направите работи кои никогаш не сте ги направиле. Оваа личност ќе ве извади од вашата удобна зона.rn
Пронајдете некој што ќе остане
rnВашиот партнер ќе ве види и во најлошо издание и сè уште ќе ве сака. Ќе остане со вас кога сте збунети и ќе ви помогне да сфатите што треба да правите. Тој треба да се грижи за вашата среќа и да ви помогне истата да ја постигнете.rn
Пронајдете некој што ќе учи од вас
rnИ покрај сите неуспеси и промени, оваа личност ќе биде до вас и ќе ве потсетува колку сте неверојатни. Ќе го прави ова бидејќи навистина верува во вас повеќе од кој било друг.rn
Пронајдете некој што е различен
rnОва треба да биде личноста која ве држи будни навечер. Личноста која со вас споделува луди идеи и со која се согласувате без да размислите. Го правите тоа бидејќи кај оваа личност има нешто што го нема кај никој друг.rn
Пронајдете некој што нема да ве напушти
rnНа крајот, сепак тоа е најважното.rnrnДознајте и кои се најголемите разлики помеѓу вистинската љубов и привлекувањето.