7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

Сите сме учеле за еволуција на училиште и иако се потребни многу векови за да се забележат некакви еволуциони промени, научниците ширум светот и понатаму ги проучуваат. Доколку мислите дека човечката еволуција одамна завршила, се лажете. Следниве 7 докази ќе ве убедат дека луѓето сѐ уште еволуираат…

1. Возрасните можат да пијат млеко

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

Генот што им овозможува на луѓето да го обработат млекото се развил по пат на еволуција. На почетокот, луѓето можеле да пијат млеко само кога биле бебиња. Но, откако почнале да се одгледуваат крави, овци и кози, потребниот ген се развил. Дали сте знаеле дека само една третина од сите луѓе на светот можат да го обработуваат млекото? Интересно е тоа што се работи за оние поединци чии предци живееле во Европа, Среден Исток, Африка и Јужна Азија.

2. Немаат сите луѓе умници

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

Нашите вилици се помали од оние на нашите предци. И забите исто така ни се помали, а некои луѓе воопшто немаат умници. Нашата исхрана денес се состои од помека храна и токму затоа не ни требаат умниците. Другите заби не мораат да работат исто толку колку порано. Денешните заболекари најчесто ги отстрануваат умниците.

3. Некои луѓе имаат сини очи

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

На почетокот, сите луѓе имале кафеави очи. Но, пред околу 6.000-10.000 години, сме почнале да мутираме, а тоа довело до појава на поединци со сини очи. Иако генот за сини очи не е доминантен, успева да преживее. Истражувањата покажале дека мажите со сини очи најмногу ги привлекуваат жени со сини очи. Тоа е причината зошто овој ген сѐ уште постои.

4. Просечната висина се зголемува

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

Просечната висина на луѓето се менувала низ годините. Некогаш сме биле повисоки, некогаш пониски, но во просек, стануваме сѐ повисоки. Во текот на последниве 100 години, мажите станале за 10 центиметри повисоки. Најголемата причина за зголемувањето на висината е исхраната и здравјето.

5. Имаме помалку влакна

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

Количината на влакна што денешните луѓе ја имаат е значително помала од онаа на нашите предци. Сега, немаме толку многу влакна на телото. Единствените места што не претрпеле никакви промени се главите и пазувите. Не можеме да кажеме дека еден ден воопшто нема да имаме коса, затоа што влакната ни помагаат да ја регулираме телесната температура. Трепките ги заштитуваат очите, а влакната во носот го прочистуваат воздухот што го вдишуваме. Веѓите ги заштитуваат очите од потта. Како што можете и самите да забележите, влакната се многу важни, па затоа постои мала веројатност дека целосно ќе ги снема во иднина.

6. Можеме да дишеме на големи височини

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

Тибетанците живеат на едно од најизолираните места во светот: Хималаите. И покрај тоа, тие некако успеваат да дишат воздух што не содржи многу кислород. Ова е возможно благодарение на еволуцијата. Истражувањата покажале дека Тибетанците имаат ниско ниво на хемоглобин. Луѓето кои не се добро подготвени, имаат високо ниво на хемоглобин на такви висини и тоа многу им го отежнува дишењето. Луѓето кои живеат на големи височини имаат посебен ген кој им помага да дишат на тие места.

7. Имаме болки во грбот

7 докази дека луѓето сѐ уште еволуираат

Современите луѓе одат на 2 нозе за разлика од нашите предци кои оделе на 4. Нашиот ’рбетен столб се навикнал на исправената положба на телото. И покрај тоа, многумина од нас страдаат од болки во грбот. Истражувањата покажале дека овие проблеми се чести кај луѓето чии пршлени не се разликуваат многу од оние на шимпанзото. Луѓето и шимпанзата имаат заеднички предок и некои од нас сѐ уште го имаат истиот облик на пршлени. Ова е најверојатно причината зошто имаме болки во грбот. Нашиот ’рбет сѐ уште не се навикнал целосно на исправеното одење.

Во продолжение прочитајте кои се следните чекори во еволуцијата на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар