Постојат неколку психолошки трикови кои работат потсвесно. Тие ќе ви помогнат да стекнете нечија доверба, да се здобиете со признание или да се опуштите кога сте под стрес. Погледнете ги 12-те трикови кои секогаш функционираат и кои се корисни во сите видови ситуации.rn
1. Кога неколку луѓе се смеат, секој гледа во личноста што ја сака најмногу
rn
rnrnПосле добра шега или сред некоја интересна дискусија, секоја личност инстинктивно гледа кон личноста што ја сака најмногу. Па доколку сакате да откриете повеќе за односите помеѓу една група пријатели, подгответе неколку шеги.rn
2. Џвакајте нешто кога сте нервозни
rn
rnrnПред некој важен разговор, јавен говор или друг настан што ве прави нервозни, џвакајте гума за џвакање, или пак, изедете нешто лесно. Никој не јаде кога е во опасност. Додека џвакате, вашиот мозок ќе мисли дека е безбедно да се опуштите.rn
3. Зјапањето ќе ви помогне да добиете одредена информација
rn
rnrnАко не ви се допаѓа одговорот кој сте го добиле од некоја личност, или пак ви изгледа како да крие нешто од вас, само продолжете да зјапате во неа. Во оваа ситуација, тишината ќе стане толку неподнослива, што соговорникот ќе ви каже сè за да ја прекине.rn
4. Замислете дека идниот работодавач ви е добар пријател
rn
rnrnЗа да не се грижите премногу за време на некое интервју за работа или пак за испит, само замислете си ја личноста пред вас како пријател кој одамна не сте го виделе. Ова ќе ви помогне да се смирите многу брзо, а одговарањето на прашањата ќе ви биде многу полесно.rn
5. Ако постојано работите со луѓе, ставете огледало зад вас
rn
rnrnАко треба да разговарате со многу луѓе на работното место, ставете мало огледало зад вас. Ќе се изненадите, но многу луѓе ќе бидат поучтиви. Причината за ова е тоа што никој не сака да се гледа гневен.rn
6. Ако мислите дека некој ве гледа, зевајте
rn
rnrnЗевањето е навистина заразно. За да откриете дали некој ве гледа, почнете да зевате и разгледајте наоколу. Личноста која ве гледа многу веројатно ќе го направи истото.rnrnПродолжува на следната страница…rn