Погледнете го овој прекрасен розов дијамант, што е вториот по големина во светот

Погледнете го овој прекрасен розов дијамант, што е вториот по големина во светот

Обоените дијаманти се многу ретки, што ги прави и многу вредни, а најголемиот е откриен во рудникот „Алроса“.

1-posle-legendarnata-rozova-dzvezda-ova-e-najgolemiot-rozov-dijamant-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

„Алорса“ е рудник за дијаманти во Русија што е најголем од тој вид во светот. Статистиките потврдуваат дека оваа групација ископува големи количини дијаманти на годишно ниво.

Меѓутоа, овој произведувач на скапоцени камења неодамна беше доста возбуден заради ископувањето на огромен дијамант во еден од своите откритија.

Небрусениот розов дијамант е најскапиот дијамант кој е откриен досега во рудниците „Алроса“ и тој податок веќе го прави доволно посебен. Големината на дијамантот е 22,47 x 15,69 x 10,9 милиметри и со многу мали недостатоци, а неговата тежина е 27,85 карати.

2-posle-legendarnata-rozova-dzvezda-ova-e-najgolemiot-rozov-dijamant-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Обоените дијаманти со тежина над 10 карати се екстремно ретки, а кога станува збор за розовите дијаманти, најголемиот кој е ископан во „Алроса“ рудниците досега тежел околу 3,86 карати.

Исто така, не е новост дека обоените дијаманти се продаваат за огромна сума пари. На пример, аукциската куќа „Christie“ минатата година го продала дијамантот „Oppenheimer Blue“од 14,64 карати за 58 милиони долари, додека во аукциската куќа „Sotheby’s“ дијамантот „Pink Star“ со тежина од 59,6 карати во април оваа година бил продаден за 71 милион долари.

3-posle-legendarnata-rozova-dzvezda-ova-e-najgolemiot-rozov-dijamant-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Ретките квалитети на новооткриениот розов дијамант говорат за тоа дека и тој ќе достигне екстремно висока цена во иднина, а единствено нешто што газдите ќе треба да одлучат е дали да го продадат каменот во својот изворен облик или во обработена верзија.

Дијамантите се главна инспирација за многу филмови, книги, легенди, а ова се најпознатите дијаманти низ историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар