Марјан Ѓорѓиевски дел од тимот на „Еден на Еден“

Сподели

Во недела, во 20.30 часот на „Телма“, публиката ќе го запознае тимот на „Еден на Еден“, поточно дел од момците и девојките сценаристи кои го создаваат најгледаното ток-шоу во Македонија. Заедно со Љубиша, Марина и Ива, на каучот кај Жаре гостува и стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој во деветтата сезона активно се приклучува на тимот на „Еден на Еден“ и ќе го гледаме во секоја следна епизода.

Реклама

Покрај Жаре, и публиката во студиото имаше можност да поставува прашања за гостите-сценаристи, а неколку од тие прашања, секако, беа поврзани со редовниот гледач Спасе.

Дали тој конечно ќе се појави, може да погледнете во следната епизода на „Еден на Еден“.

Не заборавајте, емисијата оваа сезона е во нов термин – секоја недела од 20.30 часот на „Телма“!

https://www.youtube.com/watch?v=Vbg4YOVnKkk

Популарно

Може ќе ве интересира