КАФЕ ПАУЗА

Првите подвизи во вселенското патување и истражување

Со лансирањето на Спутник во 1957 година започна модерната вселенска ера. Од историското слетување на месечината, изведени се уште многу неверојатни вселенски подвизи, а сигурно ќе сведочиме на уште повеќе. Можеби вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз е завршена, но тоа не значи дека научниците престанале да истражуваат. Погледнете некои од најпознатите први подвизи во оваа област.rnrn(7)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mkrn

1957: Првиот сателит во орбитата на Земјата

rnНа 4-ти октомври, 1957 година, Советскиот сојуз го лансираше Спутник, првиот вештачки сателит. Ова го означи почетокот на вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз.rnrn(1)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mkrn

1957: Првото животно во вселената

rnПрвото животно кое е лансирано во вселената е кучето од Русија, Лајка. Таа преживеала 7 дена во Спутник II, докажувајќи дека живите суштества можат да преживеат во вселената. За жал, немало начин да ја вратат на Земјата, па Лајка е и првото животно кое умрело во вселената.rn

1961: Првиот човек во вселената

rnЈури Гагарин стана првиот човек кој бил во вселената на 12-ти април, 1961 година. При влегувањето назад во атмосферата имало некои проблеми, па Гагарин излегол од Восток 1 и слетал со падобран.rn

1961: Првиот Американец во вселената

rnАлан Шепард направил лет од 15 минути со леталото Фридом 7 на 5-ти мај, 1961 година. Три недели подоцна, претседателот Џон Ф. Кенеди се заколнал дека ќе испрати луѓе до месечината и назад до крајот на 60-тите години.rn

1961: Првиот човек кој поминал повеќе од еден ден во вселената

rnГерман Титов е првиот човек кој престојувал во вселената подолго од еден ден. Како дел од мисијата на Восток 2 во 1961 година, тој бил првиот човек кој преспал во вселената.rn

1962: Првиот Американец кој ја обиколил Земјата

rnЏон Глен ја обиколил Земјата 3 пати, и тоа за 4 часа и 56 минути, на 20-ти февруари, 1962 година.rn

1963: Првата жена во вселената

rnВалентина Терешкова била испратена во вселената од страна на Советскиот сојуз на 16-ти јуни, 1963, со леталото Восток 6. Таа поминала 3 дена сама во вселената.rnrn(2)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mkrn

1965: Првата вселенска прошетка

rnКосмонаутот Алексеј Леонов ја направил првата вселенска прошетка на 18-ти март, 1965 година. Тој бил закачен за леталото Воскод 2 и бил надвор од него 10 минути.rn

1967: Првата смрт во вселената

rnКосмонаутот Владимир Комаров загинал на 24-ти април, 1967 година, кога леталото Сојуз 2 се срушило додека влегувало во атмосферата.rn

1969: Прва размена на екипаж во вселената

rnПрвата размена на екипаж се случила во 1969 година помеѓу леталата Сојуз 4 и Сојуз 5.rn

1969: Првиот човек на месечината

rnКако ветување на Кенеди, Нил Армстронг е првиот човек кој стапнал на месечината, на 20-ти јули, 1969 година. Милиони луѓе го следеле овој историски настан во живо на телевизија. И како што рекол Нил:rn

„Ова е мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото.“

rn(3)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mkrn

1970: Првото вселенско спасување

rnВо 1970 година, откако експлодирала боца со кислород на Аполо 13, Контролата на мисијата им помогнала на астронаутите безбедно да се вратат на Земјата после 4 дена. Приказната е раскажана и во книгата на командантот на мисијата, Хим Ловел, „Изгубена месечина“ (Lost Moon), и во филм од 1995 година – Аполо 13 (Apollo 13).rnrnПродолжува на следната страница…rn