14-те најмоќни семејства кои владеат со Холивуд
Многу актери, режисери и писатели успеваат во шоу-бизнисот со помош на нивните славни родители. Се разбира, немате гаранција за успех дури и ако вашите родители добиле Оскар. Постојат неколку славни личности кои ја наследиле славата на семејството, но ги оставиле нивните браќа и сестри во сенка. Без разлика како стигнале до овде, ова се семејствата кои доминираат во Холивуд.
1. Хоун/Хадсон
Актерката Голди Хоун ја почнала нејзината кариера како танчарка, но брзо се преместила во светот на телевизијата и филмовите, а добила и Оскар. Хоун станала вистинска сензација, а нејзиниот втор сопруг е музичарот Бил Хадсон. Иако биле заедно само неколку години, тие имале 2 деца, актерите Оливер и Кејт. Оливер се појавува во некои познати серии, додека Кејт е позната по романтичните комедии. Хоун ги одгледала своите деца со Курт Расел, уште еден актер, и син на Бинг Расел. Заедно имаат син кој многу години професионално играл хокеј. Но изгледа и тој го презема семејниот бизнис бидејќи се појавува во третата сезона од серијата Црно огледало (Black Mirror).
2. Болдвин
Како 4-ца браќа кои пораснале во предградието на Њујорк успеале во шоу бизнисот? Алек, Даниел, Вилијам и Стивен се навистина успешни, а најпознат е најстариот од нив, Алек. Тие имаат и 2 сестри, Елизабет и Џејн кои се „кријат“ од јавноста. Денес, нивните деца почнуваат да ги следат нивните стапки. Најстарата ќерка на Алек е модел. Даниел има 5 деца со 4 различни жени. Вилијам има 3 деца со неговата сопруга, а најмалиот, Стивен има 2 ќерки од кои и двете се модели.
3. Копола
Режисерот Френсис Форд Копола, најпознат по филмовите Кум (The Godfather), е роден во музичко семејство. Неговиот татко бил флејтист, а неговата мајка е ќерка на композитор. Неговиот чичко е пензиониран композитор и денес има 100 години. Френсис има 3 деца со неговата сопруга – Роман, Џиан-Карло и Софија. Роман е продуцент која соработувала со многу членови од семејството. Софија е познат писател и режисер. Џиан-Карло починала на 22 години, но ќерката Џиана е актерка. Братот на Френсис, има 3 деца, од кои едниот е познатиот Николас Кејџ. Сестрата на Френсис е актерка која била во брак со композиторот Дејвид Шајер и продуцентот Џек Шворцман. Од вториот брак таа има двајца синови.
4. Даглас
Малкумина од златната ера на Холивуд имаат наследство како она на Кирк Даглас. Кирк се венчал со актерката Дијана Дил со која имал два сина – актерот Мајкл Даглас и продуцентот Џоел Даглас. По разводот, Кирк се венчал со актерката Ан Бајденс со која исто така имал два сина – продуцентот Питер и комичарот Ерик. Ерик починал на 46-годишна возраст од предозирање. Третата генерација ја нема истата среќа. Синот на Мајкл, Камерон се обидел како актер, но најпознат е по проблемите со дрогата. Мајкл има и двајца тинејџери со неговата втора сопруга, Кетрин Зета Џонс.
5. Шин/Естевез
Мартин Шин е уште еден актер кој се прославил и покрај околностите. Тој е еден од 10-те деца на имигранти во Охајо, и бил роден како Рамон Антонио Герардо Естевез. Неговата мајка починала кога бил дете и се обидувал да влезе во индустријата во неговите 20-ти. Поради ова го променил и своето име. На почетокот тој се венчал со актерката Џенет Темплетон со која имал 4 деца од кои сите станале актери. Емилио, Рамон и Рене ги задржале своите имиња, додека Карлос го променил своето име во Чарли Шин.
6. Вајанс
Ова семејство најмногу се држи до комедијата. Хаувел и Елвира Вајанс имале 10 деца од кои најпознати се Кинен, Дејмон и Марлон. И втората генерација имала ѕвезди, од кои најпознат е Дејмон Џуниор.
7. Сатерленд
Канадскиот актер Доналд Сатерленд ги имал своите почетоци во Велика Британија. Иако се појавува во многу филмови и е веќе неколку децении на сцената, тој никогаш не бил номиниран за Оскар. Доналд имал 3 бракови, а со втората сопруга имал близнаци, Кифер и Рејчел. Кифер е познат по неговата улога во серијата 24. Од третата сопруга Доналд имал 3 сина, актерот Росиф, продуцентот Ангус и Рег. И третата генерација ветува успех. Ќерката на Кифер, Сара, запливала во актерските води.
Продолжува на следната страница…