Љубовта е прекрасна, но честопати не знаеме како да се однесуваме во врските и правиме грешки, поради што го нарушуваме односот со партнерот. Зар не би било супер кога би имале некаков водич кој би нѐ поучил што да правиме во првите фази од врската? Таков водич не постои во реалноста, но астрологијата може да ни помогне. Овој пат, ѕвездите ќе ви помогнат да дознаете што да очекувате од секоја фаза во врската со маж роден во знакот Водолија. Продолжете со читање за да откриете…rnrn
rn
„Лабава“ фаза
rnПред да одите на првиот љубовен состанок, треба да знаете една работа за мажите Водолии: Нема да имате поим дека им се допаѓате! Тоа е така затоа што патот до нивното срце е преку мозокот. Тие сакаат да разговараат до 6 часот наутро и со задоволство ќе ги слушаат приказните за вашиот моментален љубовен живот, па дури и ќе ви раскажат за нивниот, како да сте најдобри пријатели. Добрата страна на сето ова е што пред да ви го побараат телефонскиот број, вие веќе ќе се чувствувате пријатно покрај нив. Можеби ќе им го дадете телефонскиот број и пак нема да знаете дали се заинтересирани за вас.rn
Прв љубовен состанок
rnМоже да помине некое време пред да се чуете повторно. По ноќта помината во разговори до изгрејсонце, можеби ќе се допишувате цел месец пред машката Водолија да ве покани на љубовен состанок. Во овој период, најдобро е постојано да бидете во движење, бидејќи тој со сигурност не се прибира дома. Водолиите прават толку многу работи одеднаш што сосема забораваат на нивниот приватен живот. Тие имаат силна потреба за личен простор, а истото ќе ви го овозможат и вам. Можно е нивниот предлог за прв љубовен состанок да биде малку чуден. Ако не ви се допаѓа идејата, покажете почит кон нивната креативност и наместо да ги одбиете, дајте поинаков предлог.rnrn
rn
Сексуален живот
rnКога ќе решите дека припадникот на овој знак ви се допаѓа доволно за да бидете интимни, бидете сигурни дека ве очекува одлична забава! Типичните Водолии нема со нетрпение да чекаат да ве соблечат. Тие не се приврзуваат за ништо, бидејќи знаат дека единствената постојана работа во животот е промената. Машките Водолии ќе го направат првиот чекор само ако не можат повеќе да чекаат за да дознаат дали ве привлекуваат. Но, кога ќе им ги возвратите симпатиите, тие многу ќе се изненадат и израдуваат.rnrnТие се многу љубопитни и сакаат да знаат како размислувате и кои работи ви се допаѓаат. Љубопитноста е исто така присутна и во спалната соба. Сѐ додека отворено им кажувате што сакате, тие ќе ве одведат до месечината и назад. Ако не им кажувате, Водолиите може да полудат, така што задолжително комуницирајте! Овие момци се подготвени да направат сѐ за да ве задоволат. Кажете им ги вашите најлуди фантазии.rn
Сериозна врска
rnВо оваа фаза работите стануваат малку комплицирани. Кога веќе и двајцата знаете дека се сакате, редовно спиете заедно и редовно се гледате, не очекувајте дека ќе разговарате за да го одредите вашиот љубовен статус. Дозволете им на делата да говорат погласно од зборовите. Водолиите можат да ви кажат само дека би сакале да продолжат да се гледаат со вас. По 4 години вие одеднаш живеете заедно, имате кучиња и целото време го поминувате заедно. Се однесувате како да сте венчани, а никогаш не сте разговарале за иднината на вашата врска.rnrnМожеби ова ви звучи неприфатливо, но размислете подобро! Што ќе ви е договор или гаранција, кога секој ден се будите возбудени од помислата дека повторно сте одбрале да бидете заедно, без да разговарате за тоа? На тој начин, никогаш нема да се земате здраво за готово.rnrnБез оглед на сѐ, не заборавајте дека најважно е да уживате во секоја фаза од врската. Замислете си го тоа како ролеркостер. Чекате во ред, се качувате, седнувате и во еден момент не ви преостанува ништо друго освен да ги кренете рацете во воздух и да уживате во авантурата!rnrnВо продолжение прочитајте ги овие 10 знаци дека сте апсолутна Водолија во хороскоп.