Еве што сѐ цистите на јајниците може да му направат на вашето тело

Еве што сѐ цистите на јајниците може да му направат на вашето тело

Иако е многу мал бројот на жени што немаат (или никогаш немале) цисти на јајниците, нивното присуство може да звучи застрашувачки. Додека тие, самите по себе, во најголем број случаи се прилично безопасни и може да исчезнат сами од себе, без никаква хируршка интервенција, постојат и одредени начини на кои тие може да влијаат на вашето тело. Еве за што станува збор.

1-eve-shto-sѐ-cistite-na-jajnicite-mozhe-da-mu-napravat-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

1. Мачнина и повраќање

Истражувањата покажуваат дека понекогаш, цистите на јајниците може да имитираат рани знаци на бременост, а тоа има врска со ефектот кој цистите го имаат врз хормонската рамнотежа во телото.

2. Болни посети во тоалетот

Цистите на јајниците може да влијаат и на варењето. Тоа се случува кога цистата на јајниците ќе израсне до таа мера што почнува да ги притиска цревата и мочниот меур. Кога системот за излачување е надвор од својата оптимална функција, телото најчесто се обидува да ве извести за оваа аномалија по пат на болка.

3. Зголемена зачестеност на мокрењата

Големите цисти може да го имаат овој ефект кога ќе го притиснат мочниот меур, а како резултат се намалува неговата можност да ја задржува урината. Со намалената можност за задржување на урината, доаѓа до почесто празнење на мочниот меур. Проблемот се влошува кога цистата расте.

2-eve-shto-sѐ-cistite-na-jajnicite-mozhe-da-mu-napravat-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

4. Проблеми со дишењето

Постојат случаи каде што цистите нараснуваат до таа големина што ја променуваат дијафрагмата. Потоа, тоа влијае врз функционирањето на системот за дишење, и на тој начин предизвикува проблеми со дишењето.

5. Нарушување на менструалниот циклус

Самиот факт дека тие се наоѓаат на јајниците или во нив ги прави способни за нарушување на менструалниот циклус. Цистите може да предизвикаат појако крвавење, пократок временски период помеѓу циклусите, а понекогаш и подолг. Ова се разликува од жена до жена.

6. Болка во текот на односите

Цистите на јајниците се честа причина за болка во текот на половиот однос. Со оглед на тоа дека цистите се страни тела во вашиот репродуктивен систем, болката во текот или после односот може да биде резултат на нивното притискање врз соседните органи или ткива. Одредени комплексни цисти може да предизвикаат и други состојби, како што се ендометриоза, а која обично влијае на функционирањето на репродуктивниот систем. Покрај тоа, цистите на јајниците може и да пукнат, а како резултат на тоа може да дојде до создавање инфекција. Сето наведено може да предизвика болка во текот на пенетрацијата.

7. Проблеми со грбот

Ова е вообичаен симптом за постоење циста на јајниците. Во случаите кога жената има екстремно големи цисти, но и вишок килограми, болката во грбот е задолжителна појава.

3-eve-shto-sѐ-cistite-na-jajnicite-mozhe-da-mu-napravat-na-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

8. Чувствителни гради

Ова не е толку честа појава, но се случува. Некои жени имаат чувствителни гради заради цистите на јајниците. Таа чувствителност многу брзо прераснува во болка во пределот на градите.

9. Надуеност на стомакот

Ова е еден од раните и најчестите симптоми дека жената има цисти на јајниците.

10. Намалена можност за зачнување

Кај некои жени, цистите на јајниците ја намалуваат можноста за забременување. Понекогаш, цистите кои пукаат прават штета на јајниците, а во други случаи прават компликации, како оваријална торзија, нарушување на правилното функционирање на репродуктивниот систем на жената. Компликациите кои се развиваат со цистите на јајниците може да бараат и хируршка интервенција, која исто така може да ја намали можноста за зачнување. Секако, сето ова зависи од видот на компликациите.

Доколку страдате од овој здравствен проблем, подгответе ја оваа напивка од лековите тревки за оние кои имаат миоми и цисти на јајниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар