15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Сподели

Ако сакате одењето во сала за вежбање да даде резултати, да изгубите килограми и да ги оформите мускулите, многу е важно да правите основни вежби. Но, честопати луѓето погрешно ги прават овие вежби и на тој начин си го уништуваат здравјето и залудно го трошат својот труд. Прочитајте ги следниве совети што ќе ви помогнат да вежбате правилно и ефективно, без да си го нарушите здравјето…rn

Реклама

1. Мост со кревање на колковите

rnПогрешно: Ако го виткате грбот додека го правите овој мост, го преоптоварувате долниот дел од грбот наместо задникот.

Правилно: Свиткајте ги колената така што ќе формираат прав агол на подот. Подигнете ја карлицата и погрижете се вашето тело да формира права линија од рамената до колената. Ова е многу важно! Стискајте го задникот колку што можете повеќе и стегајте ги стомачните мускули.rn

2. Клекнување во страна

rnПогрешно: Ако се навалите многу нанапред и ги свиткате колената во остар агол, ќе ги преоптоварите ’рбетот и колената.

Правилно: Грбот треба да ви биде исправен и не треба да ја подигнувате карлицата. Колената треба да ви се свиткани под приближно прав агол кога ќе клекнувате.rn

3. „Планк“

rnПогрешно: Ако грбот не ви е исправен додека го правите „планкот“, вежбата ја губи ефективноста и станува бескорисна.

Правилно: Држете го телото во права линија од главата па сѐ до петите. Вашите раце треба да се поставени под прав агол и не го виткајте вратот.rn

4. Клекнување со тегови за вежбање на грбот

rnПогрешно: Ако колената ви одат зад прстите на стапалата, го виткате грбот и целиот товар од тегот го ставате на вратот, префрлувајќи ја тежината на прстите. Можете сериозно да си го повредите вратот и да паднете.

Правилно: Тегот треба да биде во линија со средниот дел од вашите стапала. Исправете го грбот и не ги подигнувајте петите од подот. Бутовите треба да се паралелни на подот и немојте да клекнувате премногу ниско.rn

5. Правилно држење на шипката

rnПогрешно: Ако го ставате тегот на вратот, можете да си нанесете сериозни повреди.

Правилно: Повлечете ги лактите наназад и притиснете ги рамената така што ќе се појави еден вид „полица“ при стегањето на мускулите. Ставете го тегот на оваа полица колку пониско можете и држете го цврсто.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира