Најсреќни се девојките кои остануваат сингл подолго време

Најсреќни се девојките кои остануваат сингл подолго време

Статусот сингл не значи дека немате опции, туку дека самите одбирате да биде така. Не дозволувате животот да ви биде дефиниран од вашиот љубовен статус и наместо тоа, секој ден сте среќни и задоволни. Секако дека ви се допаѓале разни момци низ годините, дури и сте имале неколку врски, но никогаш не сте го пронашле вистинскиот партнер за вас. Не сте изгубиле верба во љубовта, но сепак сте сами. Никој не сака да биде сам, но вашите искуства ви покажале дека подобро е да останете сингл. Тоа не е никаква трагедија, бидејќи сега сте најсреќната девојка во светот. Можеби се прашувате како е тоа можно. Следниве причини ќе ви докажат зошто најсреќните девојки се оние коишто остануваат сингл подолго време…

Најсреќни се девојките кои остануваат сингл подолго време

Уживаат во нивната самотија

Не е лесно да се надминат сите раскинувања, но тие успеале да го сторат тоа. Не им треба никој друг за да бидат среќни. Иако им требало време да свикнат на нивната самотија, сега уживаат во неа. Не чекаат некој да им се јави доцна во ноќта и не се разочаруваат поради тоа што дечкото кој им се допаѓа не им вратил на пораката. Тие претпочитаат да поминуваат време сами, наместо да излезат на љубовен состанок и да чујат зборови што можеби ќе ги повредат. Нивната среќа не зависи од другите. Тие ја обожуваат својата самотија.

Независни се

Тие се финансиски, општествено и психолошки независни. Знаат како да се грижат за себе, да управуваат со нивните трошоци и сами да си ги плаќаат сметките. Кога ќе се соочат со некаков проблем, секогаш го решаваат сами. Им помагаат на другите луѓе, но знаат да си помогнат и себеси. Тие се моќни. Независноста им дава храброст да напредуваат во животот.

Самоуверени се

Без разлика дали станува збор за пазарење или гледање филмови, тие сите обврски ги завршуваат сами. Не им треба никој за да споделуваат искуства. Тие оствариле одлична врска со нивното внатрешно „јас“. Дури и кога сме во врска, не треба сѐ да правиме со нашите партнери. Сингл девојките многу добро го знаат тоа. Тие немаат потреба да ја толерираат сета таа драма во нивниот живот. Среќни се кога прават работи сами.

Најсреќни се девојките кои остануваат сингл подолго време

Сами постигнуваат успех

Тие имале време да се концентрираат на нивниот личен развој. Благодарение на сето време што го имале за себе, тие можеле да се фокусираат на нивните соништа и амбиции. Тие учеле многу, работеле напорно и посветиле време на нивната кариера. Додека сите нејзини пријателки излегувале на љубовни состаноци, се венчавале и раѓале деца, тие успеале да постигнат значаен професионален развој. Светот им се восхитува поради извонредниот талент. Тие знаат дека имаат што да понудат и ја негуваат својата интелигенција.

Не размислуваат за љубовта

Не се плашат од можноста да ја изгубат љубовта. Според нив, љубовта е само еден дел од животот. Не им е гајле дали ќе успеат повторно да се вљубат или не. Тие не ја бараат љубовта насекаде. Работата и важните работи во животот се нивниот приоритет. Тие веруваат дека ако треба да се појави љубовта, ќе се појави сама по себе. Не вреди да губат време во чекање.

Не се плашат од помислата да останат сами засекогаш

Бракот не им е крајната цел во животот. Тие немаат ништо против бракот, но исто така веруваат дека можат да имаат среќен живот и без да се омажат. Според нив, бракот не претставува критериум за среќа.

Среќни се поради тоа што се сингл

Ако некогаш започнат врска, тоа ќе биде со партнер кој ќе ги поттикне да се развиваат. Нивната сродна душа ќе им даде простор и нема да ги ограничува. Овие девојки ќе го сменат статусот сингл, само доколку врската им даде доволно слобода.

Ваквите девојки се најсилните и најсреќните жени што постојат на планетава. Тие не зависат од нивните партнери, туку ги поддржуваат и инспирираат. Тие не се среќни поради тоа што се сингл, туку поради тоа што сингл животот им овозможил да се истражат и запознаат себеси. Со текот на времето, тие научиле да ги усовршат нивните силни страни и да се справат со нивните слабости. Тие ја ценат индивидуалноста. Кога ќе дојде денот да започнат врска, тие ќе го почитуваат и сакаат партнерот на најискрениот и најпосветениот можен начин.

Прочитајте ги и следниве 15 нешта во кои ќе се пронајде секоја сингл девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар