Секој човек сака да биде успешен. Без разлика дали станува збор за бизнис, за личен живот или за нешто друго, сите ние сакаме да бидеме најдобри. Но што се случува кога ќе го постигнете тој успех? Дали повеќе нема предизвици и тешкотии на патот?rnrn
rnrnПисателот Џон Максвел им поставил едно прашање на 4.000 пензионирани успешни луѓе. Прашањето гласело:rn
„Ако можете уште еднаш да го преживеете вашиот живот, што би промениле?“
rnОд одговорите тој открил за што најмногу жалат успешните луѓе. Погледнете во продолжение.rn
1. Ќе преземев контрола над мојот живот и порано ќе си ја поставев целта
rnПремногу од нас одложуваат и не ја фаќаат можноста која е во овој момент. Не дозволувајте да ви избега ни една минута повеќе. Поставете си ја целта и почнете да преземате одговорност.rn
2. Подобро ќе се грижев за моето здравје
rnМногу често чекаме да се појават првите симптоми на некоја болест пред да почнеме да се грижиме за нашето здравје. Не дозволувајте да се случи тоа. Хранете се здраво, вежбајте и немојте да го запоставите физичкото и менталното здравје.rn
3. Подобро ќе управував со парите
rnЕфективното управување со парите не е толку комплицирано, но повеќето луѓе живеат од една плата до друга. Без разлика какви се вашите приходи, секогаш обидете се да го извадите максимумот од нив. Секогаш планирајте и за во иднина.rn
4. Ќе поминував повеќе време со моето семејство
rnВложете во вашите семејни врски. Дури и ако тоа значи дека ќе задоцните за некоја важна работа, сепак не чекајте да биде предоцна.rn
5. Повеќе ќе се посветев на личниот развој
rnСекогаш одвојувајте време за активности кои ќе ви помогнат да се развиете и да созреете. Тоа треба да биде дел од вашиот живот.rn
6. Ќе се забавував повеќе
rnПостојат неколку аспекти и искуства во животот кои треба да ги сфатите сериозно. Но, самиот живот не е толку сериозен колку што го правиме да биде. Престанете да барате непотребна драма и обрнете повеќе внимание на работите кои ве радуваат. Ова не значи да го напуштите работното место за да се забавувате, туку во вашиот распоред вметнете ги и работите кои ви причинуваат задоволство.rn
7. Подобро ќе ја планирав мојата кариера
rnДали има голема слика за она што го работите сега? Дали вашата сегашна работа е отскочна даска до вашиот сон? Или дали вашата работа е нешто кое го правите бидејќи ви нуди сигурност? Без разлика дали сте задоволни со вашата позиција, секогаш ќе ви биде од помош ако ја гледате големата слика. Дури и ако крајниот резултат е да се задоволите со сегашната позиција, планирањето е секогаш потребно.rn
8. Повеќе ќе давав
rnПомагањето некому што му треба помош ќе направи да се чувствувате одлично. Без разлика дали ќе волонтирате или пак ќе му помогнете за некоја работа на соседот, постојат многу начин на кои можете да се вклучите. Обидете се да давате секогаш кога можете.rnrnДали ги знаете овие правила за професионален успех?
