Нефилтрирана женска убавина

Сподели

Гледајќи во фотографиите на лосанџелешкиот моден фотограф и уметник Мајкл Шмит, веднаш е воочливо дека тој преферира неговите сцени да изгледаат што е можно поприродно. Ниедна од неговите фотографии не делува исфорсирано и вештачко. Напротив, на нив, неговите модели изгледаат како да се чувствуваат удобно и релаксирано си ја работат нивната работа, позирајќи пред фото-објективот.

Реклама

Шмит настојува да ја „фати“ емоцијата, тој не се концентрира на прецизност и бистрина на фотографијата.

Токму тие совршени сенки, одблесоците од сончевата светлина и магловитиот ефект кој го имаат неговите фотографии, ù дава уникатност на неговата работа.

Шмит успева од моделите да извлече една природна, нефилтрирана убавина, сексапил и спонтаност, кој ретко се наоѓа во денешните „фотошопирани“ фотографии, на кој се „дошминкани“ и така пренашминканите модели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира