КАФЕ ПАУЗА

7 чекори кои ќе ви помогнат да го живеете животот што го посакувате

7 чекори кои ќе ви помогнат да го живеете животот што го посакувате

Written by

in

,

Секој сака да го живее животот според сопствените замисли и да ужива во него. Но, многумина од нас не се способни да го создадат животот што всушност го посакуваат. Животот е толку сложена работа. Ако размислиме, никој не знае зошто, како и кога сето тоа започнало. Сè е како што треба да биде, нашите тела и умови функционираат сами, а сè што можеме да направиме е да се преиспитуваме, анализираме и да воспоставиме наши принципи и верувања кои на крајот ќе ни овозможат да функционираме.rnrn7 чекори кои ќе ви помогнат да го живеете животот што го посакуватеrnrnФакт е дека повеќето од нас се заглавени во континуиран циклус кој не им дозволува да размислуваат за својот живот. Луѓето се свесни дека некои од нивните одлуки биле лоши, сфаќаат дека нивниот живот не е како што треба да биде и дека има силна потреба од промени. Во продолжение прочитајте кои чекори можат да ви помогнат да го живеете животот што го посакувате.rn

1. Преземете ЦЕЛОСНА одговорност за сè што го опкружува вашето постоење

rnПрвиот чекор кон промената е прифаќањето дека вие сте единствената личност која е одговорна за сето она што ви се случува. Лесно е да се обвинат различни околности или личности за вашата несреќа и депресија. Меѓутоа, успешните луѓе ја преземаат одговорноста за сите нивни постапки. Запомнете – секое дејствување има ефект. Така, дури и најмалата одлука што ќе ја донесете сигурно ќе има влијание врз вашата иднина.rn

2. Следете ја својата единствена цел

rnСекој од нас има поголема цел. Тоа значи дека доколку сакате да направите голема промена во вашиот живот, прво ќе треба да знаете што сакате да правите. Поставете си ги прашањата: „Што сакам да правам до крајот на животот? Која е целта на моето постоење?“. Одвојте момент и размислете. Треба да се обидете да погледнете „внатре“, да го истражите вашето внатрешно јас и сами да ги барате одговорите.rn

3. Поставување цел

rnНикогаш не држете ги вашите цели само во вашиот ум. Всушност, докажано е дека целите што се запишани на хартија имаат многу поголема веројатност да се постигнат отколку целите што се чуваат само во главите на субјектите. Почнете така што најпрвин ќе утврдите 3 долгорочни цели, а врз основа на овие цели ќе ви биде полесно да си ги поставите месечните и неделните цели.rn

4. Емотивно поврзување со целта

rnАко не сте емотивно поврзани со вашите цели никогаш нема да можете да ги достигнете. За да се поврзете со вашите цели, треба да ја пронајдете причината зошто го сакате она што го сакате.rnОткако ќе го сфатите тоа, можете да го искористите тој поттик за да продолжите напред секој пат кога ќе наидете на предизвици.rn

5. Започнете да преземате акција

rnОткако ќе завршите со целото планирање, време е да преземете акција. Дејството е еднакво на лична моќ. Тоа е вашата способност да направите вистинска промена со решавање проблеми, давање предлози и сугестии итн. Запомнете дека без борба никогаш нема да го создадете животот што го сакате.rn

6. Бидете доследни

rnСигурно ќе наидете на ситуации кога ќе сакате да се откажете. Сепак, не заборавајте дека промената на вашиот живот не е толку лесна. Треба да бидете посветени на процесот, да имате трпение и да останете на вистинскиот пат.rn

7. Никогаш не прекинувајте го вашиот личен развој

rnЗа да продолжите да живеете продуктивен живот, треба да го продолжите процесот на личен развој. Мора да одвоите време за читање, учење и подобрување на вашите вештини. Животот, каков и да е во моментот, е премногу скапоцен. Не можете да си дозволите да си го губите времето така што ќе стагнирате. Затоа секојдневно развивајте нови цели и идеи.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за животот, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за среќа: 3 мали работи кои ќе направат голема разлика во вашиот живот.rnrnИзвор: themindsjournal.com