КАФЕ ПАУЗА

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Written by

in

,

Смудиња, сосови, супи, лимонада… Вашиот верен блендер е еден од повеќенаменските алатки во кујната. Токму затоа, не е ни чудно што се вознемирувате кога сечилата ќе станат тапи. Но, прочитајте ја оваа тајна: Бидете добри со вашиот блендер и тој ќе биде добар со вас. Ова се 6-те прехранбени производи што не треба да ги ставате во вашиот блендер за да ја сочувате неговата топ форма…rn

1. Коцки мраз

rn6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендерrnrnОсвен ако немате навистина моќен блендер што ќе може да го прифати овој предизвик, немојте да ставате коцки мраз во него, бидејќи сечилата ќе станат тапи. Па, што да направите ако сакате да направите смуди, а имате само големи парчиња замрзнато овошје? Оставете ги 10-тина минути да се одмрзнат или користете дробен мраз. На здравје!rn

2. Пире

rn6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендерrnrnИзвинете, но сечилата на вашиот блендер се премногу моќни за да направат пире какво што посакувате. Наместо тоа, тие ќе ослободат премногу скроб и ќе им дадат на компирите чудна и леплива густина. Највкусно пире ќе направите доколку рачно ги пасирате компирите.rn

3. Многу жешка течност

rn6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендерrnrnСакате да јадете чинија топла домашна супа? Прекрасно! Но, дали сте подготвени да ја собирате истурената течност од подот? Не звучи многу забавно, се согласувате? Сета пареа од жешките состојки може да направи поклопката да експлодира, што ќе предизвика вистинска кујнска катастрофа. Наместо тоа, оставете ја течноста да се излади неколку минути пред да ја ставите во блендер и не го полнете до крај, туку некаде до половината. Потоа, блендирајте бавно и истовремено држете ја поклопката цврсто за да не се извади.rn

4. Суво овошје

rn6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендерrnrnСувите кајсии и сливи може да остават лепливи траги на сечилата од блендерот. Не само што ќе ви биде тешко да ги исчистите, туку може и да го оштетите кујнскиот апарат. Ако сакате да блендирате суво овошје, најдобро е претходно да им додадете течност или да ги потопите во топла вода. Можете и да инвестирате во моќен блендер што ќе успее да се соочи со поцврстите смеси. И не заборавајте убаво да го исчистите блендерот по секоја употреба.rn

5. Кујнски прибор

rn6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендерrnrnЈасно ни е дека сакате сите ваши состојки да се соединат во совршена хармонија, а спанаќот едноставно не мрда од место! Иако можеби ќе паднете во искушение набрзина да искористите лажица за да ги турнете состојките надолу, немојте да го правите тоа освен ако не сакате да си ја уништите лажицата, блендерот и сокот истовремено! Наместо тоа, исклучете го блендерот и потоа помешајте.rn

6. Тесто

rn6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендерrnrnАко сакате да направите тесто за леб или колачи во блендер, постои голема веројатност дека ќе добиете премногу цврста смеса или пак состојките нема да се измешаат како што треба. Доколку сакате да искористите кујнски апарат за да направите тесто, употребете процесор за храна или миксер.rnrnИако не можете да го искористите блендерот за овие работи, можете да го употребите за да направите фантастично смуди со овошје и кафе.