Најголемата разлика помеѓу духовниот пат и духовното патување

Најголемата разлика помеѓу духовниот пат и духовното патување

Дали поимите духовен пат и духовно патување сте ги користеле како да значат едно исто нешто? Всушност, овие два поими значително се разликуваат. Препознавањето на разликата помеѓу нив е многу важно за вашата духовна мисија. Па, погледнете за која разлика станува збор.

ДУХОВЕН ПАТ

(1)najgolemata-razlika-pomegju-duhovniot-pat-i-duhovnoto-patuvanje-kafepauza.mk

1. Духовниот пат е вашиот начин на живеење

Духовниот пат е начин на живот кој сте го одбрале со цел да постигнете нешто. Може да биде лош и добар. Од многуте избори кои треба да ги направите, вие секогаш ја имате слободата да се свртите и да тргнете во друга насока. Менувањето на патот е опција која ја имаат сите.

2. Изборите се ограничени во физичкиот живот

На духовниот пат, вие можете да правите избори само за вашиот физички живот. Овде спаѓаат одлуките кои ги правите секој ден, без разлика дали ви помагаат да ја стигнете главната цел.

3. Духовниот пат се однесува само за овој живот

Духовниот пат е начинот на кој го живеете овој физички живот. Сите ваши избори се дел од него. Тој е збир од одлуките кои ја одредуваат вашата карма. Понекогаш вашите одлуки се добри, а понекогаш не. Сè зависи од тоа колку сте сакале да научите некоја лекција во вашиот живот.

ДУХОВНО ПАТУВАЊЕ

(2)najgolemata-razlika-pomegju-duhovniot-pat-i-duhovnoto-patuvanje-kafepauza.mk

1. Го одбирате духовното патување пред да го почнете животот

Духовното патување е слично со патот, но го одбирате пред да го започнете циклусот на животот. Постои период помеѓу смртта на едно тело и раѓањето на друго. Во овој период вие размислувате за вашите минати животи и одлучувате како и каде ќе го продолжите духовното патување, сè со цел да созреете.

2. Духовново патување е резултат од лекциите кои сакате да ги научите

Ова патување е составено од изборите кои правите помеѓу вашите животи. Овде одлучувате кои лекции ќе ги научите во следниот живот. Овие избори се ваши и со слободна волја. Кога ќе се одлучите, вие тргнувате по духовниот пат.

3. Духовното патување ги покрива сите ваши животи

Ова е патување кое почнува со вашиот прв здив и трае сè додека не станете едно со универзумот. Ги содржи животите кои поминале, но и оние кои допрва следуваат. Целта на секое патување е созревањето на вашата душа за повеќе да нема потреба да се манифестира во физичка форма. На ова патување вие искусувате многу физички животи со многу духовни патишта.

(3)najgolemata-razlika-pomegju-duhovniot-pat-i-duhovnoto-patuvanje-kafepauza.mk

Најголемата разлика помеѓу духовниот пат и духовното патување е тоа што едното се фокусира на созревањето на душата во само еден живот, додека другото на созревањето на душата низ сите животи. Вие одбирате многу духовни патишта за да ја постигнете вашата животна цел и да го завршите духовното патување.

Прочитајте и која е важноста на духовноста во животот на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар