Искрено писмо до луѓето коишто чувствуваат дека го изгубиле своето „јас“

Искрено писмо до луѓето коишто чувствуваат дека го изгубиле своето „јас“

Дали се гледате во огледало и се прашувате „Дали се познавам себеси?“. Веќе неколку месеци чувствувате дека не се однесувате природно, дека не си го познавате своето вистинско „јас“. Тоа можеби е така бидејќи нешто или некој ве променил. Но, дали навистина вредело? Дали сте задоволни од себеси моментално? Дали уживате во она што сте сега?

Искрено писмо до луѓето коишто чувствуваат дека го изгубиле своето „јас“

Знаете дека не сте истата личност од порано. Сѐ уште не сте успеале да ја прифатите таа промена. Сте биле присилени да се помирите со неа. Се чувствувате изгубено и вашето минато засекогаш исчезнало. Сакате повторно да бидете такви какви што сте биле порано, но оковани сте и не знаете како да се ослободите.

Се сеќавате ли колку сте биле радосни порано? Колку сте биле возбудени кога сте се запознавале со нови луѓе или сте правеле нови работи? Сте се смееле на сиот глас со непознати луѓе и сте танцувале. Тогаш прв пат сте откриле колку уживате во танцувањето. А сега? Излеговте во дискотека минатиот викенд и цела вечер седевте на страна со пивото во рака. Не ни помисливте да танцувате ниту, пак, да разговарате со непознати. Што тргнало наопаку? Дали можете да ја разберете причината?

Поминало многу време откако последен пат сте се развикале некому поради тоа што сторил нешто погрешно. Минатата година видовте како група момчиња задеваат девојче. Им се доближивте и почнавте да ги карате поради нивната постапка, објаснувајќи им дека тоа што го прават не е убаво и дека треба да се извинат. Зошто не кажавте ништо кога пред некој ден видовте човек како се однесува некултурно со келнерот? Зошто се воздржавте?

Дали сте забележале колку ви се има променето стилот на облекување? Секогаш размислувате два пати пред да купите ново парче облека. Секогаш се прашувате „Што ќе речат другите ако го облечам ова?“. Никогаш не се чувствувате пријатно во она што го носите.

Вашиот распоред се има променето и внимателно размислувате пред да кажете или направите нешто. Не сте повеќе истата личност од порано.

Секој ден се будите и се прашувате „Дали ова сум навистина јас?“. Изморени сте. Длабоко во себе, знаете дека луѓето ве осудуваат и погрешно ги разбираат вашите постапки. Внимавате на секој чекор што го преземате во вашиот живот.

Имате премногу обврски и ви треба време за себе. Се плашите од негативните критики и непотребните обвинувања. Постојаниот страв ве принудува да ја прифатите оваа промена и да живеете со неа, иако не сте среќни поради тоа.

Искрено писмо до луѓето коишто чувствуваат дека го изгубиле своето „јас“

Но, што ќе ви е оваа промена ако не ве прави среќни? Што се случило? Дали нечија љубов или критика ве промениле? Или пак некоја трауматична случка? Некое раскинување, можеби?

Ако се менувате поради личноста што ја сакате, треба да знаете дека љубовта ги менува луѓето на подобро и нема негативно влијание. Љубовта ќе ве смени на таков начин што ќе станете среќни и благодарни, а не обратно.

Ако се менувате поради негативните критики, тоа е знак на ниска самодоверба. Не вреди таквата промена. Ако раскинувањето ве променило, треба да запомните дека добро е тоа што се случило. Вашиот поранешен партнер не ве заслужувал. Не треба да се менувате затоа што сте мислеле дека вие сте причината за раскинувањето.

Треба да ги запомните следниве неколку работи:

  • Сите ние растеме и се менуваме, но промената доаѓа однатре. Постојано се менуваме, но постои нешто суштинско во сите нас што ни помага да бидеме свои. Тоа секогаш ќе остане исто. Ако се обидеме да ги промениме тие елементи, ќе се изгубиме себеси. Нема повеќе да бидеме истите и нема да бидеме среќни поради тоа.
  • Вистинската љубов не ве принудува да се смените. Ако се смените, тоа треба да се случи поради вашата лична волја и треба да бидете среќни поради тоа. Ако партнерот ве принудува да се смените, тогаш не се работи за вистинска љубов.
  • Ослободете се од луѓето кои се обидуваат да ве контролираат. Вие сте слободни индивидуи. Имате право да живеете според сопствени правила. Тешко е да се збогувате со личноста која најмногу сте ја сакале, но ако дојде до тоа, тогаш така и треба да биде. Треба да бидете среќни со луѓето кои ве опкружуваат, а не да тонете во депресија.
  • Сакајте се себеси. Имате потенцијал да успеете. Заслужувате да ви биде возвратена љубовта. Само имајте трпение и дајте си време. Времето лечи сѐ.
  • Ако не сте среќни со самите себе, ослободете се од силите што ве менуваат. Бидете среќни. Почитувајте се и сакајте сте, бидејќи вашата вредност е бесцената.

Во продолжение, прочитајте го и следново искрено писмо до сите девојки кои секогаш завршуваат како втора опција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар