11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Честопати прифаќаме лоши совети од многуте експерти на Интернет со цел да живееме поздраво. Се навикнуваме на бројните „корисни“ навики кои всушност се комплетно бескорисни. Дознајте кои здрави навики не само што не даваат никакви резултати, туку можат и сериозно да ви наштетат…

1. Плакнење на устата со вода

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Оваа навика можеби ви делува природно, но многу заболекари ја критикуваат. Додека ги четкате забите, тие се прекриваат со заштитен слој на флуорин што водата може да го измие. За да го зачувате позитивниот ефект од четкањето на забите, плакнете ја устата со посебни безалкохолни раствори.

2. Вежбање на лента за трчање

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Лентата за трчање е една од најпопуларните справи за вежбање, бидејќи може да ви помогне да се ослободите од вишокот калории. Меѓутоа, долгото вежбање на лента за трчање може да им нанесе штета на вашите зглобови. За да го одбегнете ова, се препорачува да додадете некои вежби за зацврстување на мускули покрај вежбите на лента за трчање. Тоа не само што ќе ви помогне да изгубите килограми, туку и ќе ги оформи вашите мускули.

3. Дремење

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Попладневната дремка делува убаво и здраво. Меѓутоа, некои научници веруваат дека предизвикува срцеви заболувања. Освен тоа, предолгото спиење влијае на меморијата и на мозочните функции.

4. Гелови за дезинфекција на раце

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Рекламите нѐ убедија дека само антибактериските сапуни можат да нѐ заштита од болести. Меѓутоа, честата употреба на овие производи може да доведе до појава на нови и посилни бактерии. Според научниците, обичниот сапун е исто толку добар за дневна употреба колку и антибактерискиот.

5. Редовни лекарски прегледи

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Годишните лекарски прегледи за проверка на здравјето се всушност бескорисни. Освен тоа, тие се и прилично скапи. Експертите за клинички прегледи советуваат дека најдобро е пациентите да се проверуваат во зависност од нивната возрасна група и болестите што се чести за таа возраст.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар