Емоционално интелигентните луѓе многу ретко се лутат, бидејќи го следат ова едноставно правило
Познавате ли некого чии одговори секогаш се донесени на најсоодветен начин во врска со секоја ситуација, дури и кога емоциите растат? Голема е можноста таа личност да има високо ниво на емоционална интелигенција која се однесува на способноста на поединецот точно да ги прочита и да управува со сопствените емоции, но и со емоциите на луѓето околу себе. Емоционално интелигентните луѓе често и подолго остануваат мирни дури и во најопасните ситуации и токму поради тоа луѓето сакаат да бидат во нивна близина. Еве една техника која вообичаено ја користат овие социјално паметни поединци.
Кога се наоѓате во ситуација која предизвикува екстремен емоционален одговор, подарете си 24 часа пред да ги донесете и изнесете вашите мислења и чувства. Кога сте под притисок, вашиот нервен систем лудува и вашето тело се преплавува со адреналин, кортизол и други хемикалии кои ве спречуваат да делувате на рационален начин.
Емоционално интелигентните луѓе знаат дека дури и тие кои обично остануваат мирни и сталожени, настојуваат да ги контролираат своите чувства кога се предизвикуваат и делуваат во согласност со тоа. Тие знаат дека времето е вредна алатка за решавање на проблемите. Одвојувањето време за обработка на вашите емоции и набљудувањето на пошироката слика на некоја ситуација, спречува да се исфрлите од контрола, да покажете фрустрација, лутење или жал. Кој било нагон кон одредена реакција ќе исчезне во рок од неколку часа, па можете внимателно да размислите за тоа како да продолжете понатаму.
Ваквиот пристап на расправии и решавање на проблемите има долготрајна заштита за вашите најважни односи од непотребни спорови. Краткото оттргнување од личноста која ве повредила или налутила, покажува почитување и за нејзините чувства и за тежината на ситуацијата.
Па, следниот пат кога некој ќе ве вознемири, едноставни тргнете се од таа личност на 24 часа. Обидете се, ако е возможно да мислите на нешто друго, нешто што ви е попријатно. Така вашите емоции ќе се стишат и ќе ви остават простор да смислите рационален одговор на кој било вид проблем.
Сите ние понекогаш знаеме да се налутиме, но има неколку важни нешта кои можеби не сте ги знаеле за лутината.