Навистина е тешко да се разбере женската логика. Речиси е невозможно да се замисли како би требало да изгледа совршениот маж кој би можел да го освои женското срце. Сепак, постојат одредени особини што вистинските мажите ги поседуваат, а на кои жените можат да одолеат. Прочитајте кои се тие 12 квалитети и доколку имате барем половина од нив, не постои сомнеж дека ќе можете да изградите успешна врска со жената која ви се допаѓа…rnrn
rn
1. Мажественост
rnМажественоста претставува комбинација од особини како што се цврстина, дарежливост, храброст и хуманост. Жените не можат да им одолеат на овие квалитети.rn
2. Смисла за хумор
rnДобрата шега е одличен начин за да се скрши мразот. Меѓутоа, ако претерате со шегите, нема да оставите добар впечаток. Таа ќе ве гледа како кловн и нема да ве сфати сериозно. Но, добро е доколку имате добра смисла за хумор, бидејќи жените го поврзуваат тоа со високата интелигенција.rn
3. Грижливост и посветување внимание
rnСите сакаат внимание и сите сакаат да бидат згрижени. Освен тоа, жените ги сметаат овие квалитети за одлични карактеристики што би требало да ги поседува таткото на нивните идни деца.rn
4. Упорност и енергичност
rnНекои мислат дека мажите треба да донесуваат одлуки врз основа на тоа што е најдобро за обајцата. Има жени кои не сакаат да ја преземат одговорноста за донесените одлуки, ниту пак им се допаѓаат мрзливи и пасивни мажи. Ако сакате да станете вистински магнети за жените, мора да бидете многу амбициозни и ентузијастични.rn
5. Дарежливост
rnТука не се работи за пари. На пример, некои луѓе не знаат да бидат дарежливи кога е во прашање нивното внимание. Дарежливост се покажува кога ќе му помогнете некому да се чувствува подобро. Можете да бидете дарежливи на тој начин што ќе ја покажувате вашата љубов и позитивни емоции.rn
6. Романтичност
rnЖените едноставно не можат да им одолеат на романтичните мажи. Тие им го претвораат животот во бесконечна прослава на нивната љубов и постојано прават да се чувствуваат сакани.rnrn
rn
7. Уникатност
rn„Тој не е како останатите. Тој е еден и единствен.“ Жените честопати мислат дека нивната „друга половина“ е посебна. Лесно се заљубуваат во луѓе кои се уникатни и необични.rn
8. Лојалност
rnНе постои гаранција дека вашата нова врска ќе трае засекогаш. Меѓутоа, полесно е да се верува во тоа доколку сте лојални.rn
9. Разбирање
rnИма денови кога сакате некој да ве разбере без да ги објаснувате вашите мисли и чувства со зборови. Тоа е возможно доколку сте живееле заедно со години. Меѓутоа, понекогаш запознавате човек кој веднаш прави да се чувствувате како отсекогаш да сте се познавале. Се чувствувате топло и пријатно кога сте заедно.rn
10. Добри манири
rnОваа особина е една од најбараните во денешно време. Малку се вистинските џентлмени што опстанале. Ако ги знаете и ги следите правилата на бонтон, имате голема предност во однос на другите.rn
11. Помагање со домашните обврски
rnЖените многу ги ценат мажите кои помагаат околу домашните обврски, особено ако се работи за „помашки“ задачи. Некои жени не се вешти со чекани и струја и дефинитивно би ја ценеле вашата помош.rn
12. Интелигенција
rnНе мислиме на висок коефициент на интелигенција. Ако сте мудри и паметни мажи кои внимателно размислуваат пред да донесат одлука, тоа значи дека ќе бидете добри сопрузи. Некои жени едноставно сакаат да се опуштат покрај нивниот маж и да можат да сметаат на него.rn
БОНУС
rnСпоред повеќето жени, идеалната висина за мажите е 180 сантиметри. Генерално, жените претпочитаат мажи кои се околу 10 сантиметри повисоки од нив за да можат да носат високи потпетици.rnrnВистинските мажите ги поседуваат и овие карактерни особини.