Модерни и згодни: Секси старци ги освојуваат социјалните мрежи

Сподели

Убавината и стилот не се поврзани со годините, туку со тоа како се чувствуваме однатре. Овие седум мажи се доказ дека и старата доба може да биде и тоа како згодна и шармантна и дека најдоброто само што доаѓа.

Реклама

rn

Антонио Варечија, 54 години

rnСивокосиот убавец Антонио го подигна џентлменскиот изглед на едно повисоко ниво. Персоналниот тренер и модел Антонио Веречија има повеќе од 164.000 следбеници на Инстаграм. Тој е страстен дигач на тегови, модел и голем љубител на кафе.rn

„Вие можете да бидете личност со одреден број години и понатаму да изгледате фантастично! Јас отсекогаш бев оној кој се издвојува од толпата. Имам свој сопствен стил и изглед и постојано добивам комплименти и пораки на социјалните мрежи дека им служам на другите како инспирација. Дали знаете какво е чувството? Не се опишува!“

Рон Џек Фоли, 50 години

rnРон Џек Фоли е уште еден машки модел кој има прекрасна брада. И како ова да не е доволно, тој е исто така надарен и со совршени очи и одлично тело. Тој докажа дека годините не можат да го спречат духот на модерниот живот. Тој е модел, страстен пушач на цигари и долгогодишен скијач.

rn

Гарет Сван, 48 години

rnДали можете да му одолеете? Доколку сакате да го запознаете Гарет подобро, тогаш имајте ги на ум овие информации. Тој е доста баран модел. Теретаната ја посетува шест до седум пати неделно, па на тој начин ја одржува својата форма, но и мирот во себе. За својот стил вели дека е ретро, класичен и модерен, но и доста забавен. Додава дека сака во своите модни комбинации постојано да внесува малку смисла за хумор.

rn

Алесандро Манфредини, 49 години

rnОвој старец изгледа како секојдневно да се капе во фонтаната на младоста. Тој е жив доказ дека брадестите, истетовирани мажи како што стареат, така сѐ уште може да изгледаат фантастично и модерно. Тој има совршено негувана брада со која се гордее. По професија е графички дизајнер и керамички скулптор. Доколку се запрашавте како тој станал стилска икона, тогаш мора да ви ја откриеме приказната која се крие зад тоа.

Тој купил стара куќа што требало да биде неговиот дом од соништата. За жал, земјотресот кој следувал ја уништил. Како одговор на трагедијата, тој потонал во депресија. Во текот на оваа фаза тој ја израснал својата брада и мустаќи кои потоа се претворија во вистинско сребро. Денес, Алесандро е интернационален модел и е следен од масовна бројка на социјалните мрежи.

rn

Рудолф вон Блон, 53 години

rnРудолф целиот свој живот работи како модел. Тој одлично го држи местото на еден од најзгодните и најмодерни старци на социјалните мрежи. Сигурни сме дека веќе ве хипнотизира со својата сива коса и зелените очи.

rn

Алесандро (Сребрена лисица), 43 години

rnМожеби ќе се обидете да развиете вкус за одредена сива нијанса откако ќе го запознаете овој џентлмен. Тој изјавува дека не се храни здраво секогаш, но се обидува да стои што е можно подалеку од лошата, брза храна. Секако, за вистинитоста на оваа објава сведочи неговото совршено обликувано тело. Неговата коса и брада се целосно сиви, па токму затоа го избрал овој прекар.

rn

Ерик Рутерфорд

rnПоследниот старец, но никако помалку атрактивен и модерен, е долгогодишен модел чија возраст е добро скриена од очите на Интернетот. Одличниот изглед и совршеното тело му ја овозможиле славата која ја има денес.

Прочитајте ги и овие 17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе!

Популарно

Може ќе ве интересира