Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

Војводата и војвотката од Кембриџ неодамна објавија голема вест и открија дека го очекуваат третото дете, но и јапонската кралска фамилија исто така имаше големо соопштение.

Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

Во мај, кралското семејство потврди дека принцезата Мако, најстарата внука на царот Акихито, планира да се омажи со нејзиното тогашно момче Кеи Комуро. Меѓутоа, со оглед на тоа што Комуро е обичен човек, стапувањето во брак би значело дека принцезата ќе ја изгуби нејзината кралска титула.

Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

Во неделата, принцезата потврди дека навистина ќе се откаже од кралската титула за да се омажи со правникот и нејзиниот поранешен колега од факултет. Обајцата имаат 25 години и заедно се веќе 5 години.

„Најпрво ме привлече блескавата насмевка на Комуро“, изјавила принцезата Мако на нејзината прес конференција.

Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

Таа подоцна им го претставила Комуро на нејзините родители, принцот Акишино и принцезата Кико, како човекот со кого сака да ја сподели нејзината иднина.

Јапонската принцеза Мако официјално се откажува од нејзината титула во име на љубовта

Принцезата Мако сега ќе биде 8-мата личност од јапонската кралска фамилија која се откажала од титулата уште од Втората светска војна. Не постои сомнеж дека ќе се одржи венчавката, но со тоа што сегашниот цар во декември ќе ја предаде улогата на принцот Нарухито (на жените не им е дозволено да го наследат престолот во Јапонија), таткото на принцезата и нејзиниот 10-годишен брат ќе станат први и втори во редот.

Во продолжение погледнете како живеат вистинските модерни принцези.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар