Како да живеете во сегашноста?

Сподели

Дали ја забележувате контрадикторноста на животот? Кога сме на работа, постојано размислуваме за тоа како едвај чекаме да дојде одморот, а кога конечно имаме време да се одмориме, не можеме да се оттргнеме од мислите за тоа што нè чека кога ќе се вратиме на работа. Ова е само еден од многуте примери низ кои секојдневно минуваме, со кој јасно се гледа дека постојано сме свртени или кон иднината или кон минатото, притоа заборавајќи да живееме во сегашноста. Тоа е и причината поради која често пропуштаме прекрасни работи што се случуваат пред нас. Во продолжение следуваат неколку едноставни техники што можат да ви помогнат да научите како конечно да почнете да живеете во сегашноста и на тој начин да го зголемите задоволството од животот.

Реклама

rn

1. Слушајте активно

rnСо други зборови, ако некој ви зборува, обрнете му целосно внимание. Доколку редовно велите: „Те слушам, продолжи, само да одговорам на поракава“, вие не само што покажувате непочитување кон соговорникот, туку исто така и не умеете или не сакате да се фокусирате на тоа што ви се случува во моментот.rn

2. Префрлете ги мислите на лист хартија

rnВо моментот кога ќе сфатите дека сте преплавени со мисли и не знаете што попрво да направите, ниту пак каде се наоѓате, застанете и обидете се да ги запишете сите мисли што ви се вртат низ глава на лист хартија. На тој начин ќе ги визуализирате мислите и ќе можете да се ослободите од притисокот што ви го предизвикуваат во мозокот. Да не зборуваме и за фактот дека многу побрзо и полесно ќе најдете решение за тоа што ве мачи.rn

3. Гледајте на секој момент како шанса да направите нешто за себе

rnВо секој момент од животот ние имаме избор да бидеме или да не бидеме присутни. Така барем ни изгледа. На пример, вие не мора да ручате пред компјутерот, проверувајќи имејлови. Наместо тоа можете да излезете надвор, на отворено, далеку од компјутерот и навистина да владеете со своите моменти.rn

4. Бидете љубопитни

rnОбрнете внимание на сите нешта околу себе што најчесто ги земате здраво за готово. Обидете се барем на момент да го погледнете светот низ детски очи и нема да ја пропуштите неговата чудесност. Бидете сочувствителни, обрнете внимание и на луѓето околу себе. Сите овие нешта можат да ви донесат внатрешен мир, чувство на задоволство и исполнетост.

Прочитајте и зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

Популарно

Може ќе ве интересира