Акните го расипуваат не само изгледот, туку и расположението. Нивниот третман е поврзан со многу митови кои всушност воопшто не помагаат, а некои од нив може дури и да ја влошат состојбата. Погледнете ги најпознатите митови за акните, но и неколку совети за ослободување од нив.rn
1. Храната не е поврзана со појавата на акни
rn
rnrnПостои едно старо истражување кои тврди дека нема никаква поврзаност помеѓу начинот на исхрана и акните, но модерните научници го докажуваат токму спротивното. Шеќерот го стимулира производството на инсулин, кој пак во преголемо количество може да предизвика акни. Избегнувајте храна со висок гликемичен индекс како бел леб, чоколадо и пиво. Акните може да се појават и од хормоните кои се наоѓаат во млекото.rnrnЈадете храна која ќе ја одржи вашата кожа чиста:rn
- rn011
- Продукти со низок гликемичен индекс, како индиски ореви, карфиол и краставици помагаат при намалување на акните.
- Цинкот кој го има во јајцата, месото, печурките и морската храна може да помогне при лекувањето на кожата.
- Витаминот А го поттикнува лекувањето на акните. Затоа, вклучете моркови, зелка и спанаќ во вашата исхрана.
rn011
rn011
rn
rn
2. Пушењето ја зголемува појавата на акни
rn
rnrnМногу луѓе мислат дека пушењето цигари предизвикува акни. Иако тоа е штетна навика, пушењето не предизвикува појава на акни. Сепак тоа го забавува лекувањето на кожата, па акните ќе ви траат подолго. Ако се откажете од цигарите, ќе забележите дека ќе изгледате подобро: Кислородот во кожата на лицето ќе се зголеми, а процесот на лекување ќе биде побрз.rn
3. Декоративната козметика предизвикува акни
rn
rnrnНе е секоја козметика лоша за кожата. Само избегнувајте козметика што содржи алкохол и масла. Алкохолот ја суши кожата и предизвикува иритација, а ова пак предизвикува акни. Маслата ја прават кожата мрсна и ги затвораат порите. Козметичките производи треба да содржат:rn
- rn011
- Алое
- Ретинол
- Пептид 10
rn011
rn011
rn
rnОвие состојки ја подобруваат состојбата со акните и го стимулираат производството на колаген.rn
4. Темниот тен помага
rn
rnrnУВ зраците ги стимулираат лојните жлезди, а ова предизвикува појава на нови акни. Токму поради ова сончањето е забрането ако имате акни. Користете заштитна крема за проблематична кожа.rn
5. Стресот предизвикува акни
rn
rnrnНовите мозолчиња не се предизвикани од стрес. Но, ако веќе имате акни, стресот може да ја влоши ситуацијата – раните од акните побавно ќе зараснат.rn
6. Честото миење на лицето ќе го реши проблемот
rn
rnrnАкните, како и митесерите, се настанати од затворени пори, па колку и да го миете лицето нема да ги намалите. Темелното чистење на лицето (како пилинг) може само дополнително да ја иритира вашата кожа. Исто така, немојте да го триете лицето со крпа, туку нежно соберете ја водата од него. Сапуните и средствата за чистење лице кои содржат сулфати (SLS, SLES) дополнително ја сушат кожата.rn
7. Пастата ги намалува акните
rn
rnrnПастата содржи сода бикарбона, есенцијални масла, хидроген пероксид и ментол кои можат да ги исушат акните, но и да предизвикаат иритација или осип. Подобро користете продукти со бензоил пероксид кој помага при лечењето на акните.rnrnOвие природни маски ќе ви помогнат во борбата против акните.