КАФЕ ПАУЗА

7 нови и алтернативни начини да го искористите замрзнувачот

Written by

in

,

Освен зеленчукот, овошјето и месото во замрзнувачот би можеле да чувате и некои парчиња облека или кујнски предмети. Во продолжение прочитајте како со помош на ниските температури можете да си го олесните секојдневието.rnrn1-nemaat-vrska-so-hranata-7-novi-nachini-kako-da-go-iskoristite-zamrznuvachot-www.kafepauza.mk_rn

1. Отворете го ковертот без кинење

rnДоколку сакате да го отворите ковертот и повторно да го искористите, тогаш држете го околу два часа во пластична кесичка во замрзнувач. Штом ќе го извадите на собна температура, веднаш отворете го со нож или со отворач за писма. Кога ќе се „одмрзне“, повторно активирајте го лепакот со малку крем или лосион за тело.rn

2. Продолжете го животот на свеќите

rnАко ги ставите свеќите во замрзнувач 24 часа пред да ги употребите, ќе им го продолжите траењето. На изладениот восок му е потребно дупло повеќе време за да изгори, а кај некои свеќи, претходното замрзнување ќе го спречи и капењето на восокот.rnrn2-nemaat-vrska-so-hranata-7-novi-nachini-kako-da-go-iskoristite-zamrznuvachot-www.kafepauza.mk_rn

3. Освежете ги фармерките без перење

rnСите ние знаеме колку е тешко да го пронајдеме совршениот модел на фармерки, а доколку тие се перат во машина, секогаш постои можноста дека ќе се соберат и избледат. Кога ќе забележите дека нивната боја веќе не е свежа, ставете ги во платнена вреќичка и преку ноќ оставете ги во замрзнувач. Ниските температури ќе ги уништат и бактериите кои го предизвикуваат неудобниот мирис.rn

4. Полесно ќе се справите со пластичната фолија

rnФолијата која не се одлепува е вистинска кујнска хорор приказна со која се бориме скоро секојдневно. Најлесно ќе ја одмотате ако на неколку минути ја ставите во замрзнувач. Студенилото го намалува прилепувањето и затоа немојте да претерате со замрзнувањето за фолијата да не ја изгуби својата функција.rn

5. Сочувајте го семето до наредната сезона

rnАко ви останало семе кое не сте успеале да го засадите, можете да го зачувате во замрзнувачот до наредната сезона. Пред да го распоредите во вреќички, внимавајте да биде потполно суво. Можеби е најпрактично да ги распоредите во хартиени вреќички кои лесно ќе можете да ги одбележите. Пред садењето, семето мора целосно да се растопи.rnrn4-nemaat-vrska-so-hranata-7-novi-nachini-kako-da-go-iskoristite-zamrznuvachot-www.kafepauza.mk_rn

6. Продолжете го траењето на хулахопките

rnНамокрете ги новите хулахопки, исцедете ги и ставете го во пластична вреќичка. Замрзнете ги во текот на ноќта. Заради студот влакната ќе останат цврсти и хулахопките нема да почнат да се распаѓаат по само неколку носења. Одмрзнете ги на собна температура и оставете ги да се исушат.rn

7. Ослободете се од штетните бубачки

rnШтетниците нема да ги преживеат ниските температури. Кога станува збор за дебелите зимски јакни и покривачи, најлесно ќе ги исчистите од прашината и несаканите нечистотии доколку ги ставите во пластична вреќа и ги оставите во замрзнувачот во текот на ноќта. Потоа откако ќе ги одмрзнете, исперете ги.