Девицата се наоѓа на половина од астролошкиот календар и можеме да научиме многу работи за време на нејзиното владеење. По енергијата на огнениот Лав, време е да им посветиме внимание на деталите во нашите животи. Дојде време да направиме добар план и да се организираме, бидејќи Сонцето влезе во земјениот знак на вредната и педантна Девица. Нејзиното влијание ќе трае до 22-ри септември, 2017 година.rnrn
rnrnПод влијание на енергијата на Девицата, треба да ѝ дадете предност на логиката наместо на емоциите. Исто така, ќе добиете волја да си го организирате животот до најситни детали со помош на педантност и прецизност во работата, а верност во односите со луѓето околу вас. Девиците постојано анализираат и многу се практични, па затоа и вашиот ум ќе размислува во таа насока овој период.rnrnДевиците се внимателни и прецизни. Тие се воздржани, разумни и знаат како да ги контролираат емоциите. Сите работи ги прават со голема љубезност и скромност. Меѓутоа, доколку преовладуваат негативните страни на нивниот карактер, тогаш овие луѓе може да станат премногу критички настроени, ситничави, мрзливи, себични, скептични, зајадливи и хипохондрични.rnrnДевицата е променлив знак со кого владее планетата Меркур. Припадниците на овој знак најдобро се сложуваат со Биковите, Јарците, Раковите и Скорпиите, додека со Рибите совршено се надополнуваат.rnrnСега откако дознавте повеќе за природата на овој хороскопски знак, прочитајте ги советите за наредните седмици додека Сонцето ќе поминува низ соѕвездието на Девиците…rn
1. Физички исчистете го вашиот животен простор
rnИсфрлете ги сите непотребни работи за да направите простор за некои нови. Обновете си ја гардеробата и сѐ што можете останато.rn
2. Прочистете се психички
rnОддалечете се од негативните луѓе во вашето опкружување и бидете отворени за новите кои допрва треба да ви се појават во животот.rn
3. Повеќе внимавајте на исхраната
rnПроверете колку добро се храните. Обрнете внимание на вашето физичко здравје и не би било лошо доколку направите неколку рутински прегледи кај вашиот доктор.rnrnВо продолжение, прочитајте ги следниве 10 знаци дека сте апсолутна Девица во хороскоп.