КАФЕ ПАУЗА

Дознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светот

Дознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светот

Written by

in

,

Станува збор еден од 16-те типови личности што го поседуваат само 2% од глобалната популација. Познат е како INFJ што значи интровертност, интуиција, чувство, проценка (Introversion, Intuition, Feeling, Judgment), а луѓето кои се одликуваат со овој карактер се нарекуваат „Адвокати“ и се препознатливи по нивната мистериозност и емоционална интелигенција. Тие обично се погрешно разбрани од страна на останатите луѓе.rnrnДознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светотrnrnОвој тип личност се открива со помош на тестот кој се вика Индикатор на типови (Type Indicator) создаден во 1940-тите од страна на мајката и ќерката Изабел Мајерс и Кетрин Бригс, а се базира на теориите што ги поставил психоаналитичарот Карл Јунг. Тестот ги анализира испитаниците со помош на 4 основни критериуми: Екстровертност наспроти интровертност, разум наспроти интуиција, размислување наспроти чувствување и проценка наспроти перцепција. Врз основа на резултатите, тој го одредува типот на личноста на индивидуата. „Адвокатите“ покажуваат воздржаност и интуитивност од една страна и склоност кон чувствителност и осудување од друга страна.rnrnТешко е да се препознаат луѓето со INFJ тип на личност, бидејќи нивниот број е многу мал и не сакаат да се експонираат. Тие се многу добри пријатели, ентузијасти и непобедливи шампиони кога ќе решат да дејствуваат за општото добро. Доколку се сомневате дека сте дел од овие ретки луѓе, следниве неколку знаци ќе ви помогнат да дознаете…rn

Тие имаат доминантен пристап! Кај нив важи правилото: Сѐ или ништо!

rnСо оглед на тоа што овие луѓе се комбинација од разум и чувства, тие претпочитаат квалитет наместо квантитет. Ако се обидувате да ги измамите, тие веднаш ќе го препознаат тоа и ќе се оддалечат од вас. Тие немаат време за измамници!rn

Честопати се осамени и „поинакви“

rnТие секогаш го очекуваат најдоброто од нивните блиски. Освен тоа, ги има во толку мал број што речиси е невозможно да си најдат истомисленици на повеќето места. Како последица од тоа, се чувствуваат изоставено и осамено во многу ситуации.rn

Тие се големи емпати и внимателни набљудувачи, така што веднаш ќе можат да ве „прочитат“

rnОвие луѓе поседуваат неверојатна интуиција на која работеле сиот нивен живот. Тие ќе знаат како се чувствувате веднаш штом ве погледнат.rnrnДознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светотrn

Нивното присуство зрачи со топлина и пријатност

rnТие поседуваат моќ да им помогнат на другите луѓе да се чувствуваат пријатно. Веднаш ќе ја придобијат вашата доверба и ќе се однесуваат со вас на најдобриот можен начин. Токму затоа, тие најчесто им простуваат на блиските луѓе кои им згрешиле.rn

Тие ја бараат суштинската вистина и не ги поднесуваат празните муабети

rnНивната животна цел е да го најдат длабокото значење на сето она што се случува во универзумот! Тие сакаат да разговараат за атоми, живот, општествени проблеми, емоции и други слични филозофски прашања. Никако не можат да ги поднесат празните муабети за времето и површните озборувања.rn

Тие се држат до нивните убедувања и сакаат да се дружат со луѓе кои го разбираат тоа

rnТие имаат многу цврста идеја за светот и за тоа како би требало тој да изгледа. Ако не можете да се согласите со нив, тие попрво би скокнале од зграда отколку да направат компромис. Токму затоа претпочитаат да се дружат со мали групи на луѓе или пак да поминуваат време сами.rn

Тие знаат како да ги завршат работите

rnАко сакате да завршите некоја работа брзо и ефикасно, тогаш препуштете им ја на „адвокатите“! Тие детално ја планираат секоја ситница и постигнуваат извонредни резултати.rn

Тие секогаш ја гледаат големата слика и вложуваат во долгорочни цели

rnОвие луѓе секогаш ги разгледуваат сите опции пред да дадат сѐ од себе и доколку забележат дека нешто не им одговара, веднаш се откажуваат и продолжуваат понатаму,rn

Тие се фокусираат на нивната интуиција

rn„Адвокатите“ се големи интелектуалци, читатели и мислители. Тие ретко кога ги разгледуваат аргументите и претходните искуства пред да се впуштат во нешто ново. Наместо тоа, секогаш се потпираат на нивната интуиција. Тие продираат длабоко, донесуваат правилни одлуки и успешно ги спасуваат луѓето од незгодни ситуации.rnrnВо продолжение прочитајте ги следниве 30 знаци дека сте емпат.