13 тајни пораки на телото поради кои другите луѓе се чувствуваат лошо во вашето присуство
Говорот на телото е моќен алат кој скоро секојдневно го користиме. Бидејќи во текот на разговорот сите ние потсвесно го читаме говорот на телото на личноста со која комуницираме, важно е да знаеме какви пораки им праќаме на другите. За да го избегнете погрешниот впечаток и да изградите здрав и силен однос со луѓето околу себе, избегнувајте ги следните движење на телото.
1. Премногу изразени движења
Нека вашите движења во комуникацијата со другата личност бидат помалку изразени. Во спротивно, оставате впечаток дека не ја зборувате вистината и дека немате самодоверба. Обидете се да го контролирате вашето тело. Во текот на комуникацијата можете ширум да ги отворите рацете или да покажувате отворени дланки за да испратите порака дека ништи не сокривате.
2. Прекрстени раце на градите
Овој потег кај соговорникот сугерира психолошка бариера и имплицира дека не сте отворени кон она што соговорникот го зборува. Дури и доколку се смеете во текот на разговорот, проектирате одбранбен став, па личноста стекнува впечаток дека сте непристапни и незаинтересирани за разговор.
3. Недоследност во говорот и невербалната комуникација
Недоследноста во комуникацијата може да предизвика впечаток дека не ја зборувате вистината. Нервозната насмевка додека одбивате некоја понуда ќе испрати погрешен сигнал. Другата личност ќе се посомнева дека сокривате нешто или пак дека имате лоши намери.
4. Свртен грб
Ако во текот на разговорот се вртите во спротивна страна од другата личност, соговорникот стекнува впечаток дека сте незаинтересирани, дека ви е неудобно, па дури и дека тој ве вознемирува додека зборува. Обидете се да стоите право и да ја гледате личноста директно во очите додека зборува. Така ќе ја покажете вашата фокусираност и вниманието.
5. Подгрбавеност и невнимателно држење
Личноста може да помисли дека ви е досадно и дека немате волја да бидете онаму каде што сте доколку сте подгрбавени или невнимателно се држите. Никогаш не би сакале да му кажете на вашиот шеф дека не сакате да го слушате, бидејќи е досаден, но ако заземете таква положба воопшто не морате. Вашето тело говори јасно и гласно наместо вас. Исправениот грб додека седите или зборувате е знак за моќ и почитување и дава чувство на вклученост на двете страни во разговорот.
6. Избегнување контакт со очите
Избегнувањето директен поглед во очи имплицира дека нешто сокривате. Воедно, тоа е знак и дека немате самодоверба и дека не сте заинтересирани за она што личноста го зборува. Токму овие заклучоци можат негативно да влијае врз вашата кариера. Гледањето на другата личност во очите создава впечаток дека сте самоуверена личност која е подготвена да преземе водство.
7. Премногу интензивен контакт со очите
Контактот со очите кој е премногу интензивен може да сигнализира дека се обидувате да доминирате на агресивен начин. Во просек погледот го задржуваме од 7 до 10 секунди, а малку подолго додека ја слушаме личноста која зборува. Начинот на кој го прекинувате контактот со очите испраќа одредена порака. Насочување на погледот кон подот сигнализира подложност, додека погледот на страна дава впечаток на самодоверба.
8. Гледање во часовникот
Гледање во часовникот додека личноста ни зборува е знак на непочитување, нетрпение и преголемо его. Ако го правите тоа, испраќате порака дека имате поважни работи отколку да разговарате со таа личност.
9. Претерано кимање со главата
Ако силно кимате со главата додека другата личност зборува, оставате впечаток на нервозна личност. Исто така, може да значи дека се обидувате да покажете разбирање или дека разбирате нешто што всушност и не го сфаќате.
10. Вртите прамен од косата
Со ова движење сигнализирате дека сте нервозни, имате вишок енергија и недостаток на концентрација. Луѓето ќе ве перципираат како личност која е премногу оптоварена со својот физички изглед.
11. Намрштен израз на лицето
Намрштениот израз на лицето испраќа порака дека сте вознемирени и дека ви пречат луѓето околу вас, дури и ако всушност тие немаат никаква поврзаност со вашето расположение. Таквиот израз на лицето ги турка луѓето подалеку од вас и тие се чувствуваат како да имате нешто против нив. Насмевката, од друга страна, сугерира дека сте отворени, достојни за доверба, самоуверени и пријателски расположени.
12. Слабо ракување
Ракувањето е говор на телото кое може да одаде одреден прв впечаток за личноста. Слабиот стисок на раката сигнализира недостаток на авторитет и самодоверба, додека прејакиот стисок на раката при ракувањето може да значи агресивен обид за доминација, што никако не е добро. Прилагодете го стисокот кон личноста и ситуацијата, но внимавајте секогаш да биде цврст.
13. Непочитување на туѓиот приватен живот
Ако стоите премногу близу до личноста сигнализирате недостаток на почитување кон таа личност и нејзиниот простор. Ова прави луѓето да се чувствуваат непријатно кога се во ваша близина.