Не се сите луѓе способни за безусловна љубов и тоа е сосема во ред

Не се сите луѓе способни за безусловна љубов и тоа е сосема во ред

Многумина се стремат кон тоа да станат подобри личности секој ден, секоја недела или година. Копнееме по љубов и прифатеност иако најчесто се двоумиме дали да ја покажеме нашата безусловна љубов што веруваме дека ни треба за да успееме. Но, треба да запомниме дека не можат сите луѓе да љубат безусловно и тоа е сосема во ред. Кога сите луѓе би можеле да сакаат безусловно, човештвото би било премногу послушно, соработливо и монотоно. Не би знаеле да ги цениме наградите од нашиот личен развој.

Не се сите луѓе способни за безусловна љубов и тоа е сосема во ред

Секако дека на светот би му дошло добро кога би имало повеќе безусловна љубов, но за тоа е потребна совршеност. Веруваме дека мора да бидеме совршени во секој поглед за да даваме и добиваме љубов. Веруваме дека мора да љубиме безусловно и безгрешно за да бидеме исполнети. Меѓутоа, совршенството е преценето.

Ако постојано се обидувате да бидете совршени или да дарувате безусловна љубов, тоа нема да ви остави простор да бидете љубопитни. Нема да ви остави простор да правите грешки, да станете самосвесни и да поставувате здрави граници. И што е најважно, нема да ви остави простор да го доживеете вашето лично патешествие. Совршенството одзема многу енергија.

Кога се обидуваме да бидеме совршени во сѐ што правиме, се буди осудата, а тоа не е добро. Осудата преминува во критика, а тоа доведува до саботажа, компетитивност и фрустрација. Премногу брзо проценуваме што е правилно според нас поради што нашите најдобри намери може да се претворат во збунетост и непочит.

Осудата го обвива срцето со нелогични идеи, ни ги полни главите со лажна надеж и очекувања. Здружена со нашата потреба за совршенство, осудата го надгласува гласот на разумот и ги сокрива животните лекции и поуки. Многу е тешко да се има сочувство или безусловна љубов кога се буди осудата.

Во свет полн со насилство и хаос, нашите верувања се ставени на тест, мислите ни се збркани, а срцата блокирани. Животот треба да е низа од лекции, а не совршенства. Животните случувања ја обликуваат нашата душа и нѐ насочуваат кон постигнување самосвест и прифатеност.

Совршенството нѐ оддалечува од безусловната љубов. Помислете на вашите сакани и обидете се да ги одговорите следниве неколку прашања: Дали ги сакате затоа што се совршени? Или затоа што се моќни, силни и успешни? Дали ги сакате затоа што ги познавате? Затоа што ги знаете нивната ранливост, болка, тага и стравови? Затоа што ги знаете нивните силни страни и таленти?

Не се сите луѓе способни за безусловна љубов и тоа е сосема во ред

Додека ги одговарате овие прашања, ќе сфатите дека безусловната љубов и совршенството не одат рака под рака. Кога сите би биле совршени, не би имале потреба од љубов. Се обидуваме да станеме совршени за да добиеме љубов, но во реалноста совршенството ја држи љубовта подалеку од нас.

Ако го прифатите несовршенството, ќе можете да согледате што треба да подобрите во врска со себе. Со личниот напредок вие ќе ѝ се доближите на идејата дека можете себеси да се сакате безусловно. На тој начин ќе сфатите дека сите ние сме луѓе и секој човек има своја приказна. Ќе можете да ги прифатите сите ваши животни искуства како нешто позитивно.

Љубовта тргнува од вас самите. Кога ќе научите да се цените себеси поради тоа што сте во моментот без да имате потреба од совршенство, вашиот живот ќе почне да се менува. Вашите соништа ќе се променат и вашите мисли ќе се формираат на таков начин што ќе ѝ дозволат на љубовта да стане нешто повеќе од збор или лажна емоција.

Ако ја дефинирате љубовта како почит, прифаќање, простување и ценење, таа ќе го омекне вашето срце и ќе му даде подлабоко значење. Само тогаш кога ќе сфатиме дека во ред е тоа што не можат сите да љубат безусловно, ќе дознаеме дека безусловната љубов е нашиот најголем сон.

Дали некогаш ќе успееме да пронајдеме безусловна љубов на овој свет? Не се знае. Но, во ред е тоа што безусловната љубов успева да ви побегне во овој момент. Секогаш ќе има работи што не ни се допаѓаат. Секогаш ќе има простор за подобрување. И секогаш ќе постојат луѓе кои нема да ни одговараат во животот. Но, можете да научите да ги цените сите овие работи онакви какви што се.

Не се сите луѓе способни за безусловна љубов и тоа е сосема во ред. Но, запрашајте се што би можеле да постигнете денес, кога не би морале да бидете совршени.

Во продолжение прочитајте зошто среќните девојки не бараат љубов, туку безусловно ја даваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар