КАФЕ ПАУЗА

Тајните на броевите: Што открива датумот на вашата венчавка за иднината на бракот?

Според нумерологијата, секој од нас има свој личен број што му влијае на целокупниот живот. Ако сте во брак, тогаш имате и свој венчален број што може да открие многу за иднината на вашата брачна заедница. Исто како што до личниот број се стига преку собирање на броевите од датумот на раѓање, така и до венчалниот број се стига со собирање на броевите од датумот на вашата венчавка. Овој број можете да го пресметате дури и ако сè уште не сте во брак, но веќе имате закажано датум за вашиот голем ден.rnrntajnite-na-broevite-shto-otkriva-datumot-na-vashata-venchavka-za-idninata-na-brakot-www.kafepauza.mkrnrnНа пример, ако сте стапиле во брак на 27.09.2008 година, вашиот венчален број ќе го добиете на следниот начин:rnrn2 + 7 + 9 + 2 + 8 = 28rnrn2 + 8 = 10rnrn1 + 0 = 1rnrnВашиот венчален број во овој случај би бил 1. Епа ајде, пресметајте го вашиот број и пронајдете го неговото значење подолу…rn

Број 1

rnИ двајцата брачни партнери имаат голема желба нивниот брак да успее, дури иако претходно имале несогласувања што значително влијаеле на динамиката на љубовниот однос. Вие се сакате еден со друг, постојано сте нежни кога сте заедно и барате односот да ви биде полн со меѓусебна доверба. Вашата визија за иднината е мирно заедништво. Иако пред бракот и за време на веридбата добро сте се запознале и мислите дека знаете сè еден за друг, сепак бидете отворени за идејата дека партнерот би можел да се промени како дел од животниот тек, исто како и вие, и дека тајната на долгиот брак е заедно да растете и да се развивате. Ова ќе го постигнете со многу компромиси и искрени разговори.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во разбирањето и флексибилноста!rn

Број 2

rnЕдинственото место на кое во секој момент пронаоѓате засолниште од сите проблеми е вашиот дом. Вие сте партнери што уживаат да минуваат време дома, во друштвото на своите најмили. И додека за некои гледањето серии на каучот може да биде знак за досада, вие едноставно знаете да го цените секој момент поминат со саканата личност и наоѓате задоволство дури и во најобичните и најсекојдневните заеднички случувања. Имате силен родителски инстинкт и одлично се снаоѓате со децата.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во одржувањето на блискоста и сигурноста во домот!rn

Број 3

rnСемејството отсекогаш ви било на прво место на листата со приоритети. Вие го замислувате бракот како мала заедница што постепено треба да се шири, а во вас има доволно љубов за големо семејство. Секогаш се грижите за сигурноста на најблиските и имате голема желба да ги поддржите финансиски вашите потомци, па затоа и неретко ги жртвувате своите уживања само за нив.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во подготвеноста да се откажете од нешто за доброто на другите!rn

Број 4

rnВие сте споени со допир од судбината. Неверојатно е како сте се нашле – постојано се надополнувате и едноставно успевате да ги исполните сите меѓусебни емотивни потреби, што најчесто предизвикува љубомора кај пријателите. Сакате сè поединечно да остварите, но исто така имате и заеднички цело за кои сте подготвени многу да работите, а ако биде потребно и да преземете големи финансиски ризици. Сакате детално да ја планирате својата иднина и ништо не препуштате на случајноста.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во заедништвото и разумното менаџирање на парите!rn

Број 5

rnВие сте авантуристички пар. Додека некои најмногу уживаат во сигурноста на сопствениот дом, вие редовно создавате авантури и преземате големи ризици што ви ја исполнуваат врската со многу возбуда. Секогаш сте подготвени на борба против монотонијата и досадата, па редовно се впуштате во различни активности, како поединечно така и во пар. Обожавате да минувате време заедно, но исто така ви треба и време за себе. Вие сте едни од оние брачни парови кои дури и во длабоката старост ќе ги одушевуваат луѓето околу себе со активниот живот.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во спонтаноста, лојалноста и постојаната желба за промена!rn

Број 6

rnНикој не ги решава брачните расправии побрзо од вас, без разлика дали се работи за секојдневни ситници или пак, за поголеми проблеми. Тоа е резултат на вашата напорна работа од првиот ден на бракот. Важна ви е квалитетната комуникација и можноста во секое време да се доверите еден на друг. Затоа не ги туркате проблемите под тепих и во истиот момент штом се појават ги решавате. Не сте спонтани, повеќе сакате да планирате сè во вашиот живот.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во негувањето на идеалистичкото верување во љубовта!rn

Број 7

rnНе го гледате светот со розови очила и свесни сте дека не постои идеален брак. Попрво би ја замениле романтиката со реалност, бидејќи сте практичен брачен пар што со двете нозе цврсто стои на земја. Вие сте многу сталожени кога станува збор за љубовниот однос и подготвени сте на сите потенцијални проблеми. Како поединци го цените чувството на слобода, па истото го очекувате и во бракот. Тоа не значи дека не верувате во љубовта, баш напротив. Вие верувате дека во љубовта секој треба да чувствува слобода, па затоа и не би стапиле во брак доколку личноста не ги има истите верувања.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во мирната реакција на промените и меѓусебното ценење на потребите.rn

Број 8

rnКомпатибилни сте од самиот почеток на врската, а со стапувањето во брак дополнително сте го зацврстиле вашиот однос. Финансиската сигурност ви е од особена важност и вие сте оној вид брачен пар што би можел да почне заеднички бизнис, долгорочно успешен како и вашиот брак. За добриот брачен однос пред сè можете да му се заблагодарите на заедништвото и на меѓусебната доверба што ве мотивира.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во подготвеноста за соочување со предизвици и финансиската стабилност.rn

Број 9

rnВе движи вербата во љубовта – вие едноставно верувате во бајки. Но тоа не значи дека сте слепи во љубовта. Баш напротив, целосно сте свесни за сите проблеми што се појавуваат и подготвени сте на сè за да го одржите вашиот брак. Откажувањето не е опција за вас и искрено верувате дека можете да ги надминете сите проблеми доколку и двете страни ја покажат соодветната волја.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во лојалноста.rnrnПрочитајте и што открива личниот број за вашиот карактер.