Дознајте како да останете безбедни доколку одите на одмор во некоја од овие егзотични земји
Сите знаеме дека пред да заминеме на одмор треба да купиме осигурување, да направиме фотокопија од пасошот, да си набавиме лекови за секој случај и да понесеме млеко за сончање. Но, патувањата во некои земји не се толку безбедни колку што ветуваат брошурите од туристичките агенции. Доколку сакате да одите на одмор на некоја од следниве дестинации, прочитајте како да останете безбедни и да си поминете одлично…
Мексико
Во Мексико можете да се сончате на плажи со бел песок, да пиете вистинска текила и да ги истражувате древните пирамиди. Но, не заборавајте на вашата безбедност…
- Има 280 видови скорпии во Мексико. Повеќето од нив не се отровни, но некои можат да убијат човек само со еден убод. Бидете претпазливи кога ќе одите на прошетки.
- Ако ве најдат пијани на улиците во Мексико, може да завршите во затвор. Исто така, може да настрадате од алкохолно труење во Мексико.
- Водата во Мексико не е добра за пиење. Дури и самите Мексиканци го признаваат тоа. Купувајте само вода во шише.
- Криминалната стапка е многу висока во оваа земја. Туристите може да бидат ограбени дури и во јавен превоз. Внимавајте ако вадите пари од банкомат и не се шетајте сами навечер.
- Прекрасните впечатоци не се единственото нешто што можете да го вратите дома по престојот во Мексико. Постои ризик да се заразите од болести како што се тифус и маларија, така што задолжително вакцинирајте се пред да заминете на одмор.
Колумбија
Во Колумбија може да го видите археолошкиот парк Сан Агустин и Националниот парк на кафето. Или можете да ја ѕирнете црквата Лас Лахас и катедралата во Зипакира. Има многу што да се види, но патувањата во оваа земја не се најбезбедни…
- Во Колумбија има висока криминална стапка. Ако фатите такси на улица, може да западнете во неволја. Најдобро е да викнете такси од хотелската рецепција и да користите услуги само од државни оператори, а не од приватни.
- Колумбиските води се живеалишта на ајкули, пирани и на една од најотровните жаби на Земјата. Носете посебни обувки кога ќе влегувате во море за да не си ги повредите стапалата. Прашајте ги жителите да ви кажат кои плажи се соодветни за безбедно пливање.
Турција
Турција е една од најпопуларните и најбезбедните туристички дестинации. Но, можно е да налетате на некои изненадувања дури и таму…
- На места кои не се познати помеѓу туристите, жените не би требало да го напуштаат хотелот без придружба. Не треба да се шетаат сами навечер и да носат провокативна облека. Добра идеја е да си понесете марама за секој случај.
- Во Турција сигурно ќе сретнете традиционални турски тоалети кои наместо тоалетна шолја имаат само дупка во подот. Таму обичај е да се мијат интимните делови со вода, така што можно е да нема тоалетна хартија или да треба да платите дополнително за неа. Носете си марамчиња со себе.
Продолжете на следната страница за останатите земји…
sinkir ti si bila segde pa tolku sirok spektar na znaenje preku net mozi sekoj da ima