КАФЕ ПАУЗА

Пронајдено е „копче за ресетирање“ на клетките кои стареат

Стареењето и сè што доаѓа со него е нешто кое секој од нас се обидува да го избегне, заборави, одбие или што било друго освен да се соочи со него. Па не е ни чудно дека стареењето и спречувањето на состојбите поврзани со него се главна тема на многу истражувања.rnrnpronajdeno-e-kopche-za-resetiranje-za-kletkite-koi-stareat-kafepauza.mkrnrnНаучниците му пристапуваат на овој проблем од секој можен агол, а истражувањата за матичните клетки ветуваат најмногу. Едно ново истражување вклучува подмладување на крвни матични клетки, односно оние кои ги генерираат црвените крвни зрна.rnrnТимот истражувачи работел со стари глувци и го набљудувал функционирањето на овие клетки. Но, тогаш тие додале клетки кои можат да произведат какви било клетки, не само крвни, и резултатите биле неверојатни.rnrnОвие клетки делувале како копче за ресетирање, ги репрограмирале крвните клетки и на некој начин ги подмладиле. Крвните клетки почнале да се создаваат со иста брзина како и кај помладите глувци. Значи, стареењето може да се забави со помош на овие клетки.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=bLhgMTkZH9krnrnСепак, оваа техника е нова и е пробана само на глувци и постои веројатност да не функционира кај луѓето. Но ова откритие дава надеж за лек кој ќе помогне во некои сериозни нарушувања со крвта.rnrnИстражувањето исто така покажало дека промените во производството на клетките не се резултат на мутација, туку се предизвикани од промени во гените. Оваа информација ги тера научниците да мислат дека можеби конечно ќе откријат ефективен третман за сериозните болести како што е леукемијата.rnrnПогледнете ги и овие тибетски вежби за подмладување.