Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

На љубовните врски им е потребна одредена доза возбуда и непредвидливост за да останат и понатаму интересни за партнерите кои се во неа, но честите разновидни активности, се исто така многу важни за одржување на нивната стабилност. Тоа што сте во долга врска, не значи дека љубовното секојдневие треба да ви претставува една досадна рутина. Пронајдете активности кои можете заеднички да ги правите со најбитната личност во вашиот живот, кои не само што ќе го разгорат огнот помеѓу вас двајца, туку ќе ја напреднат вашата врска. Хороскопскиот знак на вашиот партнер може да покаже во какви активности тој/таа најмногу ќе ужива.

Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

Воздушни знаци

Близнаците, вагата и водолијата обожаваат да комуницираат, така што ритуал кој вклучува разговарање, пишување или било што кое се состои од зборови, ќе им биде добредојдено на овие знаци. Тие сакаат постојано да бидат ментално стимулирани, бидејќи во спротивно им станува веднаш здодевно. Затоа, испланирајте некоја активност која ќе му го одржува умот активен на вашиот љубен/а.

Идеи за активности: Соберете се друштво и играјте „брза географија“, „вистина или предизвик“, „каладонт“, „асоцијации“ или некоја друга интересна друштвена игра, како кога бевте тинејџери. Не заборавајте, дека воздушните знаци секогаш ќе останат деца во душа, па токму поради тоа, ваквиот тип забава секогаш ќе им биде интересен. Отидете на театарска претстава, во кино, на промоција на добра книга, посетете изложба…Купете инспиративна проза или поезија, прочитајте ја двајцата и потоа разменете ги вашите импресии и чувства кои ги побудила кај вас.

Огнени знаци

Овенот, лавот и стрелецот сакаат акција и движење и се чувствуваат навистина лошо кога седат и не прават ништо. И покрај тоа што огнените знаци не сакаат да прават една иста работа цело време, ако еднаш неделно резервирате време за некаков тип забава, тоа добро ќе им дојде, сè додека активноста е возбудлива и стимулативна.

Идеи за активности: Скокајте банџи, учете нов јазик, возете се со скутер на вода, качувајте се по карпи, запишете се на часови по танцување кои ви се непознати на двајцата. Барем еден ден од седмицата, закажете состанок, секојпат на различна дестинација. Правете сè што ќе ви го покачи адреналинот и ќе внесе возбуда во вашите животи.

Водни знаци

Ракот, скорпијата и рибите имаат потреба постојано да бидат поврзани со партнерот на емотивна основа, па затоа изберете активност која ќе ви даде можност да се поврзете на интимен начин. Тргнувањето на мислите од секојдневието и откривањето и копањето по емоционалната длабочина на својот партнер, им овозможува на водните знаци да се чувствуваат дека вложуваат во нивната врска. Доколку сакате вашиот партнер да се чувствува задоволно, ќе треба да ја развивате вашата имагинација, а артистичките активности ќе ви помогнат да ги отворите очите во таа смисла.

Идеи за активности: Гледајте почесто филмови со вашиот партнер кои имаат голема длабочина и ќе влијаат врз развојот на вашите чувства. Одете заедно на часови по уметност (пеење, свирење инструмент, глума, цртање) каде што ќе можете да го споделите вашето креативно истражување. Споделувајте ги соништата кои ги паметите и оставиле силен впечаток врз вас.

Земјени знаци

Бикот, девицата и јарецот се практични знаци и сакаат да видат корисни резултати добиени од нивниот вложен напор. Тие попрво би правеле со вас нешто што е корисно, отколку премногу забавно. Обидете се со некои активности, кои ќе бидат интересни, но истовремено ќе овозможат да постигнете некаква цел.

Идеи за активности: Вклучете се во волонтерска еколошка акција заедно. Заседете цвеќиња во дворот и разубавувајте ја вашата градина. Обојте ги ѕидовите во друга боја и преуредете го мебелот. Бидејќи земјените знаци се познати по трошењето пари и слабоста кон храната, смислете интересен распоред кој ќе морате да го почитувате за да остварите некаква цел. На пример: „Ако редовно ја посетуваме салата за вежбање цело лето, ќе се почестиме со нова облека, која тогаш ќе ни стои многу подобро отколку сега“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Еленна Reply

    Јас сум земјен знак и ако партнерот ме однесе да садиме дрва ќе го оставам.. 😀 haha

Остави коментар