КАФЕ ПАУЗА

9-те најголеми трендови за мода и убавина во 2016 година

Сите љубители на шминката и козметиката сакаат да ги следат новите трендови и со нетрпение чекаат да ги испробаат. Доколку сепак сте пропуштиле што најмногу ќе се носи во 2016-та година, тогаш со задоволство со вас ќе ги споделиме 9-те најголеми трендови за мода и убавина.rnrn1-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

1. Трикови со перика

rnОткако Џиџи Хадид на доделувањето на музичките награди во Америка се појави со кратка паж фризура, многумина не се посомневаа дека во прашање е перика, но и генијално дело на нејзиниот фризер.rnrnПотоа одеднаш стана достапно да избираме дали сакаме долга или кратка коса во зависност од потребата, а тоа навистина е сјајно. Пријателката на Џиџи, Кајли Џенер, исто така сака да носи перики, па со тоа ни покажа и дека сосема е во ред да ја менуваме бојата на коса по желба.rnrn2-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

2. Бронзени капаци

rnНа поголемиот дел од модните ревии, манекенките носеа бронзена боја на нивните капаци. Нема причина зошто не би ја носеле сите, бидејќи е утврдено дека таа одговара на секоја боја на очи.rnrn3-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

3. Малку поразличен патец

rnДоколку не сте сигурни на која страна да го наместите патецот, бјути експертите ви препорачуваат дека тоа е помалку важно од фактот дека никако не треба да носите празен патец, барем не за свечените прилики. Исто така, светките ќе направат вашата фризура да изгледа потполно сјајно и неодоливо.rnrn4-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

4. Светки насекаде

rnНа патецот, на капаците, на телото и усните – најважно е на себе да имате светки. Никако немојте да заборавите дека претерувањето не ве води никаде, т.е. води кон кич, па доколку носите светки изберете само еден дел од телото.rnrn5-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

5. Шпицести нокти

rnМу се допаѓало некому тоа или не, Кајли Џенер е една од бјути иконите на денешницата. Иако девојките ширум светот наголемо научија од неа како да ги шминкаат усните за тие да изгледаат пополно, сега сите сакаат да имаат долги нокти во шпиц, кои изгледаат како вештачки. Дали тоа е сјаен избор или не, пресудите самите, но ние би рекле дека се идеален избор за луда саботна журка.rnrn6-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

6. Твист коњско опавче

rnПлетенката не е повеќе во тренд колку што е увиеното коњско опавче. За среќа, многу едноставно се прави, потребно е да заврзете класично коњско опавче, да го поделите на два прамени, да ги увиете спирално, а потоа да ги преклопите еден врз друг, од врвот до крајот.rnrn7-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

7. Лажни пеги на лицето

rnДевојките со пеги на лицето, делуваат слатко, неодоливо и како штотуку да пристигнале од сончање. Затоа не е чудно што ги имаат сите, па дури и оние што природно ги немаат. Наострен молив за очи во светло кафеава боја е одличен начин за дискретно да додадете пеги во пределот околу носот.rnrn8-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

8. Детски палми на веѓите

rnСледниот пат кога ќе отидете кај козметичарката или додека сами ги правите веѓите оставете ја „палмата“ несредена – секако доколку ги следите трендовите. Со такви веѓи и без шминка ќе изгледате одлично.rnrn9-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_rn

9. Лоб фризура

rnЕдна од најпопуларните фризури за 2015-та година, лоб, односно долгиот паж ќе ја има истата популарност и во 2016-та година. Скоро секоја светска ѕвезда ја носи оваа фризура, а сјајно е тоа што можете да ја стилизирате на разни начини.rnrnПа, кој е вашиот омилен тренд?rnrn10-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_