Иако понекогаш високите температури ни пречат, немаме доволно воздух и движењето знае да биде ограничено, сепак никој од нас не сака да мисли на есента. Еве начин како да се спасите од жештината – потсетете се на есенските дождови и темните облаци и високите температури веднаш ќе ви изгледаат поубаво. Но, и есента што доаѓа е убава, барем кога се во прашање модните трендови. Добрата вест е тоа што можете да ги испробате уште денес, дури и на температурите кои се во „дебел“ плус и во сенка.rnrn
rnrn1. Како и во претходните сезони, без разлика на тоа кое годишно време е во прашање, ние сепак остануваме верни на стилот од осумдесеттите како еден од најдобрите стилови во претходните неколку децении. Едноставноста во комбинациите со занимливи дезени и аксесоари даваат одличен избор, па тоа никако не сакаме да го промениме ниту во текот на есента која ни доаѓа.rnrn
rnrn2. Ако размислувате за тоа која боја ќе биде популарна во наредните месеци, одговорот е веќе тука – силната црвена е вистински избор кој можете да го направите за некоја од вашите модни комбинации. Но, немојте да ја чекате есента, туку носете ја уште сега, бидејќи летото е секогаш за „силни“ бои.rnrn
rnrn3. Кадифето пред неколку сезони се врати на модните писти како еден од омилените материјали кога се во прашање парчињата облека, како и обувките и аксесоарите. Во текот на есента најголемата доверба му ја поклонуваме токму на кадифето и тоа за совршените високи потпетици, како и за најголемото богатство на секоја жена – чантите.rnrn
rnrnПреминете на следната страница за останатите трендови…rn
7 есенски трендови кои можете да ги испробате на себе уште денес
