11 модели кои ги менуваат стандардите за убавина
Луѓето со необичен изглед го имаат секое право да станат познати во модниот свет. Тие ги прошируваат нашите гледања за убавината на еден модел. Погледнете ги овие храбри индивидуи кои докажуваат дека луѓето се многу поинтересни и поразновидни од истите модели кои постојано ги гледаме во списанијата.
1. Сара Геуртс
Сара има само 26 години, но изгледа многу постаро. Причината за ова е нејзиното нарушување кое го намалува производството на колаген во кожата. Во училиште на Сара ѝ било срам и постојано го криела својот изглед. Но, во 2015 година таа ја пронашла храброста да му покаже на светот како навистина изгледа, со цел да ги поддржи и другите жени кои негативно се споредуваат со денешните стереотипи за совршена убавина.
2. Даки
Нјадак Тот од Јужен Судан, или позната како Даки, изгледа како барби кукла. Иако звучи чудно, таа била малтретирана преку Интернет кога имала 17 години токму поради нејзиниот изглед. Кога го освоила првото место на Следниот топ модел во Австралија, таа била обвинета дека изгледа неприродно.
„Луѓето секогаш ќе кажуваат лоши работи за вас, но нивните мислења не ве дефинираат како личност“ – вели Даки.
3. Кејтин Стикелс
Нарушувањето кое го има Кејтин ја прави да изгледа многу поразлично од другите. Фотографот на V Magazine, Ник Најт ги погледнал нејзините фотографии на Инстаграм и се воодушевил од неа, па ја поканил на една фотосесија.
„Никогаш не сонував дека ќе бидам модел. Секогаш уживав во модата оддалеку.“
Денес Кејтин работи со некои од најпознатите имиња во модната индустрија.
4. Касандра Бенксон
Касандра имала проблем со акните уште од детството. Нејзиното лице, гради и грб отсекогаш биле покриени со акни. Таа дури морала да се откаже од училиштето бидејќи соучениците постојано се шегувале за нејзиниот изглед. Еден ден, таа решила на направи канал на Јутјуб на кој почнала да ја раскажува својата приказна за борбата против акните. Нејзините видеа се прославиле, а Касандра добила и понуда од модниот бизнис. Денес целта на Касандра ѝ е да покаже дека и покрај физичките недостатоци, секој може да биде убав.
5. Суфрант Ралф
Ова момче од Хаити има црвена коса и пеги по целото тело. Ова е навистина ретка карактеристика за луѓето со темна боја на кожата.
„Денес се гордеам со моите пеги, но порано ги мразев. Тие ми помогнаа да го извадам семејството од сиромаштијата.“
Продолжува на следната страница…