Бринетите доаѓаат во најразлични нијанси, од златно-кафеави, раскошни костенливи, па до оние толку темни што е тешко да се одреди дали е во прашање кафеава или црна коса. И секоја од нив е посебна и совршена на свој начин! Исто така, да се биде бринета е најлесно кога е во прашање негата на косата, но секако дека секоја боја бара посебно внимание и нега која е наменета токму за неа. Затоа, еве неколку совети кои секоја бринета треба да ги знае за нејзината коса да изгледа на најдобриот можен начин.rnrn
rn
1. Доколку ја бојадисувате вашата коса, изберете нијанса која нема да бара премногу чести посети на фризер
rnОва бара повеќе истражување во боите, но трудот со сигурност ќе ви се исплати. Кога ќе ја пронајдете соодветната нијанса која изгледа природно, ќе ги намалите посетите во фризерскиот салон, а вашата коса ќе ја почувствува разликата кога е во прашање нејзиното здравје и самиот изглед.rn
2. Добро размислете дали сакате бланш
rnПосоветувајте се со фризерот откако ќе ја донесете оваа важна одлука. Ова треба да се нагласи бидејќи ретко која бринета барем еднаш не посакала да има посветла коса. Па, доколку се одлучите на ваков чекор, очекувајте сигурно оштетување на косата. rn
3. Користете производи за нега на коса наменети за бринети
rnТие обично содржат и малку од тој кафеав пигмент кој ја негува косата, го враќа нејзиниот сјај и ја освежува бојата. Со нив вашата коса никогаш нема да изгледа бледо и безживотно.rnrn
rn
4. Испробајте „направи сам“ маски за коса на база од кафе
rnВсушност, само нанесете мелено кафе или веќе сварено кафе кое е оладено на мокра коса. После половина час измијте ја косата. Бојата ќе биде освежена и природна.rn
5. Заштитете ја косата од сонцето
rnКористете специјални креми за коса со заштитен фактор, бидејќи не се само русокосите оние на кои им е потребна заштита од сонцето. И бринетите може да станат малку портокалови откако бојата ќе им се измие.rn
6. Чувајте ја и од топлина
rnДоколку не можете да замислите да ја сушите косата по природен пат, но и да ја виткате со помош на плетенки, тогаш задолжително користете спреј за заштита од топлина. Сепак, обидете се да ја намалите топлината и одвреме-навреме да ја почестите вашата коса со хранлива маска.rnrnДали знаевте дека има доста предности да се биде бринета? Токму затоа, момци ова се причините зошто треба да излегувате со бринета.