Мудрите зборови на Ал Пачино: Има што да се научи од овој познат глумец!

Мудрите зборови на Ал Пачино: Има што да се научи од овој познат глумец!

Кој може да ја заборави улогата на Ал Пачино како Мајкл Корлеоне во трилогијата „Кум“? Ал Пачино важи за еден од најдобрите глумци во историјата на човештвото, благодарение на неговите незаборавни ликови во филмовите „Скарфејс“, „Мирисот на жената“, „Серпико“ и многу други. Но, покрај со неговиот неоспорлив талент, актерот се одликува и со голема мудрост. Во продолжение прочитајте ги неговите мудри зборови што ќе ви ги отворат очите…

Мудрите зборови на Ал Пачино: Има што да се научи од овој познат глумец!

„Не брзајте да зборувате за себе кога сте во друштво. Разговорите за вас ќе следат дури откако ќе излезете од просторијата.“

„Колку што е човек постар и помудар толку помалку има желба да се расправа за неважни работи. Тој едноставно има желба да стане, да ви посака сѐ најдобро и да си замине.“

„Се глуми во животот, а во уметноста се бара вистината.“

„Претпоставувам дека мојот проблем е во начинот на кој се изразувам. Мора да бидете 50 години со мене пред да можете да сфатите за што зборувам.“

„Јас сум глумец, а не ѕвезда. Ѕвездите живеат во Холивуд и имаат базени во форма на срце.“

„Сите сакаат внимание, само славните понекогаш немаат мерка во тоа.“

„Лесно е да се прелаже окото, но тешко е да се прелаже срцето.“

Прочитајте ги и следниве незаборавни филмски реплики.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар