Една жена од Германија по име Никол отсекогаш сакала да има мачка, но никогаш не помислила дека еден ден ќе најде дури две. За време на нејзината посета на една локална фарма, Никол забележала две маченца кои се криеле во аголот од една штала.rnrn
rnrnМачињата имале четири месеци и Никол знаела дека веднаш им е потребна медицинска помош.rn
„Беа во очајна состојба, со паразити и инфекции. Не можев да ги гледам како страдаат, па и двете ги земав дома.“
rnНикол ги крстила мачињата Ели и Роузи и со многу љубов и грижа, нивната состојба се подобрила.rnrn
rnrnУште од самиот почеток, Ели била малку поразлична од другите мачки и многу сакала да се гали. 9 месеци подоцна, Никол забележала мала бела дамка на нејзиното крзно.rn
„Не беше таму на почетокот. Помислив дека е нешто валкано и се обидов да го отстранам, но сфатив дека тоа е всушност нејзиното крзно.“
rn
rnrnОттогаш, изгледот на Ели почнал да се менува и на нејзиното крзно се појавувале сѐ повеќе бели дамки. Несигурна и исплашена за здравјето на Ели, Никол решила да посети ветеринар. Ветеринарот ѝ објаснил дека Ели има многу ретко нарушување, познато како витилиго. Ова нарушување прави делчиња од кожата или крзното да го изгубат нивниот пигмент. Реткото нарушување се појавува кај 0,5% до 2% кај луѓето, а е уште поретко кај животните.rnrn
rnrnНарушувањето не ѝ предизвикало никаков проблем на Ели, туку само направило да изгледа навистина уникатно и уште послатко. Според Никол, Ели наликува на мал сладок був.rn
„Изгледа како мал снежен був. Толку е слатка, а нејзиното крзно продолжува да се менува секој ден.“
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
